Кој сум јас? - едно момче запрашало некој старец...
Ти си тоа што го мислиш, му одговорил старецот. Ќе ти раскажам една приказна и ќе ме разбереш што сакам да ти кажам, додал старецот.
Еден ден, покрај градските ѕидини во полумрак можеле да се видат двајца како се прегрнуваат.
- Тоа се мама и тато - мисли невиното дете
-Тоа се љубовници - мисли човекот cо расипана фантазија
- Тоа се двајца пријатели кои одамна не се виделе - ќе помисли човекот кој живее сам
- Тоа се двајца трговци кои склопиле добра зделка - мисли човек алчен за пари
- Тоа е татко кој го прегрнува својот син кој се вратил од војна - мисли чувствивелната жена
- Тоа е ќерка која го прегрнува својот татко кој се вратил од пат - ќе помисли ожалостениот заради смртта на својата ќерка
- Тоа се заљубени - мисли девојката која сонува за љубов
- Тоа се двајца кои се борат до смрт - ќе помисли убиецот
- Којзнае зошто се прегрнвуаат - мисли бесчувствителниот човек
- Колку е убаво да видиш двајца како се прегрнуваат - мисли Божји човек
Секој мисли нешто во зависност од тоа што е и што носи во себе, заклучил старецот на крајот.
Нурнете длабоко во своите мисли. Вие сте тие што можете најмногу нешта да кажете за себе отколку било кој друг.