Биди ми непоканет гостин. Види ме без шминка, во пижами и кажи ми дека ич не сум убава. Не ми кажувај дека си се шегувал. Остави ме да се нервирам.
Биди ми мета на омраза. Кога ги кршам предметите околу мене, на тебе да мислам.
Биди ми пропуштен повик. Намерно да не ти кревам од лутина, а после да умрам од љубопитност што си сакал да ми кажеш.