Мисла на денот

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Исус не научи како да простуваме од љубов и забораваме со смирение. Па преиспитајте ги вашите срца и видете дали некаде има некоја болка за која не сте простиле и некоја горчина која не сте ја заборавиле.
Лесно е да се сакаат оние кои се далеку од нас. Но, не секогаш е лесно да се љубат тие што се тука до нас.
Полесно е да им понудиме храна на гладните, отколку да им одговориме на оние кои страдаат од осаменост и оние на кои им недостасува љубов во нашето семејство. - Мајка Тереза
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Водата што ја допираш во реката е последна од онаа што истекла и прва од онаа што доаѓа.Така е и со сегашноста.


--Леонардо да Винчи--
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and antonio

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
"Некогаш едноставно почнуваме. Така спонтано или случајно, така несвесно или бесмислено. Почнуваме да губиме едно по едно, а секое тоа едно нe чувствува ни малку болка што си оди, чувствуваме само ние"
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady* and antonio

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
.’. Не брзај другите да ги осудуваш; како можеш да знаеш дека ти на нивното место би одолеал на искушението. И дури да е така, зошто би презирал некого кој е послаб од тебе? - Liber XXX
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
-Да можам да си го чујам гласот, секој пат, одново кога си го заривам ножот во гради, читајќи. Тогаш секој пат одново си го убивам срцето. И секој пат одново, тоа продолжува да чука уште посилно од претходниот. Некогаш како да ми се насмевнува и како да ми вели: „Преживеав уште една смрт на сцена. Уште една смрт пред сите… Мене е тешко да ме убиеш. Само вистинските убијци, знаат да ја убијат љубовта, (за миг), но не и мене…“. Сега си го слушам гласот како ехо..низ сеќавање. Секој напишан. Секој прочитан. Збор. Некои лица низ магла. Отчукувања. Забрзувања. Гласовни треперења, по некоја згрешена буква. Двајца преживеани. Јас и моето срце, кое набрзо…повторно ќе го убивам на сцена.