Минато или иднина?

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
До пред некое време, можеби 2 години, живеев во минатото. Плачев, кукав и се нервирав затоа што некои работи не излегле како што требало да излезат, наместо да заборавам на тоа и да се свртам кон иднината и да гледам да не се повтори истата грешка. Кога нешто не ми одеше заглавував тука и често бев во депресија.
Среќа е што успеав да се сменам. Сега полесно знам да преболам пораз, да станам повторно на нозе и да продолжам напред. Но се разбира немаше да бидам тоа што сум денес ако минатото не ми зададеше такви удари. Можеби минатото е важно за тоа како ќе се изградиме како индивидуа, но и те како поважно е да мислиме на иднината. Минатото и онака не можеме да го промениме.
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Од една страна би сакал да се вратам во минатото, но да сум личноста која сум сега. На друг начин да се справам со работите, други одлуки да донесувам, да не се замарам толку, да го совладам стравот во првите години. Едноставно да поправам многу работи.

Но, од другата страна, минатото (какво и да ми било) ме направило во личноста која сум денес. И прилично сум задоволен со резултатот до сега. Да би можел да се вратам во минатото и во одредени моменти и ситуации да постапам различно, да донесам различни одлуки и слично никогаш не би можел да претпоставам каква личност би бил денес.

За да одам во иднината не сум сигурен колку би сакал. Или ќе се вратам во сегашноста разочаран од некој неостварен план или неостварена желба, па ќе живеам во бед и ќе се претепувам од размислување КОЈА одлука е онаа "погрешна" одлука што ќе ме спречи да си ги остварам целите, или пак ќе се вратам пресреќен бидејќи се е како што треба да биде - па ќе го живеам цел живот во нетрпение и брзање за што побрзо да дојде тој период.

Можеби евентуално би отишол да видам до каде ќе стигнат телефониве на Apple, па можеби iPhone 20 ќе има апликации за телепортација или Сири ќе излегува од екранот во вид на холограм. Или пак ќе си продолжат по ист пат, како и сега, па ќе биде за 2cm повисок и 4.5mm потенок од 5ката, а сепак ист. Ама со екстра-супер брз 8LTE интернет!
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Ваљда и јас ќе се вратам во минатото. Можда би сменила неколку работи, али тоа ќе ми ја смене и сегашноста. А можда и не, можда ќе ги оставам работите, чисто онака да се потсетам колку сум будала.
За во иднината, би ме интересирало за наредните игри и технологијата како би напредувала. Ама искрено, повеќе мислам дека ќе се врнеме на каменче и чукче, па и по-safe е, отколку напредната технологија :)
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Не сакам да се враќам назад во минатото. Битна ми е сегашноста со надеж за убава и здрава иднина . Инаку си размислувам за иднина блиска или малку подалечна небитно , така ко некаков сон да биде вака или онака ама не се преокупирам со тоа шо ќе биде. Ќе биде нешто ,сакале -нејќеле некаков пат ќе се отвори пред нас.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Апсолутно сегашноста.
Креативно, разумно живеење со негување на Карпе Дием философијата создава убава подлога по која ќе чекорите кон иднината.

И уствари, минатото некогаш било сегашност, а и иднината некогаш ќе биде :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Апсолутно сегашноста.
Креативно, разумно живеење со негување на Карпе Дием философијата создава убава подлога по која ќе чекорите кон иднината.

И уствари, минатото некогаш било сегашност, а и иднината некогаш ќе биде :)
Ако гледаме така..и сегашноста некогаш била иднина, утре ќе биде минато и така :D
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Ако гледаме така..и сегашноста некогаш била иднина, утре ќе биде минато и така :D

Апсолутно!
Само делувањето во таа сегашност всушност креира спомени и надежи...
Или поедноставно, ако денес упрскаш нешто важно, имаш едно разочарување кон иднината и едно неубаво доживување за минатото ( кога овој ден ќе стане тоа нели)
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Апсолутно!
Само делувањето во таа сегашност всушност креира спомени и надежи...
Или поедноставно, ако денес упрскаш нешто важно, имаш едно разочарување кон иднината и едно неубаво доживување за минатото ( кога овој ден ќе стане тоа нели)
Тоа е јасно, но темата мислам дека е всушност кон што се насoчуваме повеќе...дали ни е битно што се случило во минатото и колку тоа влијае на нас, или пак повеќе се посветуваме на иднината.
:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Тоа е јасно, но темата мислам дека е всушност кон што се насoчуваме повеќе...дали ни е битно што се случило во минатото и колку тоа влијае на нас, или пак повеќе се посветуваме на иднината.
:)
Епа ќе извињаваш, ама не знам да цртам хиреоглифи за да го сфатиш контекстот на моите реплики :)
Одговорив и мислам дека бев прилично јасна, задржана на темата и едноставна.
Добро додуша, не за оние што не ги прошируваат хоризонтите подалеку од својот нос :)
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Епа ќе извињаваш, ама не знам да цртам хиреоглифи за да го сфатиш контекстот на моите реплики :)
Одговорив и мислам дека бев прилично јасна, задржана на темата и едноставна.
Добро додуша, не за оние што не ги прошируваат хоризонтите подалеку од својот нос :)
Епа изгледа странцки јазик зборуваш, оти јас од твоите мислења разбрав дека сегашноста има влијание на тоа каква ќе е иднината. Е, фала што ме просветли :)
И не мора да реплицираш на сите со доза сарказам..тоа не те прави попаметна од другите :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena