Не би сакала да се навраќам наназад,кон минатото. Убаво ми е во моментов и живеам за уште поубава иднина.
Кога би имала можност попрво би се вратила во минатото, би променила некои работи, некои ситуации, некои кажани зборови, некои неискажани зборови,некои постапки... но судбината така сакала да биде,и така и ќе си остане. Не велам дека се плашам од минатото или дека не го сакам. Всушност секој изминат ден,утредента веќе е минато.
Никогаш не ме интересирале оние гледачи на гравчиња,тарот карти,натални карти или што ли уште не ,кои ја предвидуваат иднината,демек. Прво, не би отишла кај некој таков, од причина што не им верувам, а второ, не би сакала да се почуствувам лошо од тоа што ќе ми го кажат, колку и да не им верувам се работи за мојот живот па сигурно ќе се запрашам колку има вистина во тоа.
И да постои друг начин на дознавање на мојата иднина, не сакам да го употребам, сакам постепено да ми се случуваат нови работи во животот.
Помеѓу двете,ја избирам иднината,затоа што неа самите можеме да си ја искреираме,а во минатото не можеме да се вратиме и да ги смениме работите,така како што останале.