Јас не месечарам ама моето куче е месечар... вистина е , не се зезам ...
прв пат ме извади од памет, малце ми фалеше да заплачам ( незнаев што се дешава) ...
си легнав, го земав лап топот и си пуштив филм ... кучето си легна со мене ... после 1h стана, од еднаш рипна од креветот, и почна да трча... ама трчаше само со задните нозе, предните му беа како пресечени ... со лицето се влечеше по земја, а со задните нозе упорно трчаше ... помислив има некој напад
( стварно жална слика беше) после 5мин се освести и право во кревет отиде ... цела вечер не спиев, го гледав , го галев ... утре дента се обратив кај ветеринар, кој ми даде број од некој постручен ветеринар ... дојде човекот дома, го прегледа, му ја објаснив цела ситуација и ми објасни дека месечарел и дека не е ништо страшно ... филм мојот Роки(пинч) е месечар