Ако секојдневно се делиме луѓе против луѓе, човечки е барем при природниве непогоди да заборавиме дали, што и како би направил некој и да се сплотиме колку што даваат можностите. Хипотетички, доброто со добро се враќа, ние да не дојдеме дотаму, па што ќе се случи...Донирав на тој бројот што е ставен погоре, и утре ќе одам на плоштад ќе дадам нешто што треба само ме интересира кај нас да имаше вакви поплави ќе ја пратеа ли србите војската нивна да ни помогне? Ќе се собираа ли на плоштад во Белград да ни пратат тоа што им праќаме ние сега?
Тоа е број само за Мкд.Бројот за донирање - 143400 важи и за држави надвор од Балканот? Ако некој сака да донира од било каде од светот, не треба да додаде префикс или слично? Само тие 6 бројки?
Официјални се,брзоплети медиуми зезнале работа....па после демантираа откако видоа дека има грешка само во една буква, односно фали една буква кај Швајцарија.Внимaвaјте нa дoнaциите дaли се oфицијaлни брoеви,веќе oткријa и измaми лaжни брoеви зa дoнирaње. Сo среќa некa им е нa србите,секoгaш прирoдните кaтaстрoфи гo oбединувaaт нaрoдoт.
За жал жртви ќе има и има многу.Само во Обреновац од 40000 жители спасени се околу17000 а другите?! Таму има река со лешеви само што не смеат за сеа медиумите да објавуваат да не се создаде уште поголем хаос и паника.Една од најмасовните хуманитарки од независна Македонија. Искрено, многу позитивно сум изненаден. Секоја чест на жителите од нашата земја, сега преостанува да се нормализира ситуацијата и подоцна испита штетата. Се молам на што помал број на човечки жртви.
Донациите можеш да ги однесеш во Црвениот крст во твојот град.Ќе траат до 31.05 за сега има такво известување.Ги следам сите вести поврзани за поплавата и искрено многу ми е жал и страв за тие луѓе..Најинтересно е што бројот на новородени бебиња овој период бил поголем од било кога
Јас донирав на бројот и штета што во мојот град нема таква акција а до ск не можам да дојдам така да утре донирам од сите други броеви по дома