Да, само што таму на сред цел хаос и пропаѓање, млекото им го наплаќале по 150 динари, а прочитав дека имало и дешавки во стилот на: "Сакаш млеко? Океј... 1000 динари.". Покрај фактот дека илјадници се евакуирани и кој знае колку ги изгубиле домовите и сите работи кои ги поседувале, замисли дека после 24-48 часа едвај искачаш од таа река и на тебе имаш тоа што имаш, односно еден пар долен веш, маица и панталони со празни џебови. Не викам дека кај нас не постојат луѓе кои преживуваат на леб и вода, ама тоа го има насекаде во светот.