Масивни поплави во Босна и Србија

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Да, само што таму на сред цел хаос и пропаѓање, млекото им го наплаќале по 150 динари, а прочитав дека имало и дешавки во стилот на: "Сакаш млеко? Океј... 1000 динари.". Покрај фактот дека илјадници се евакуирани и кој знае колку ги изгубиле домовите и сите работи кои ги поседувале, замисли дека после 24-48 часа едвај искачаш од таа река и на тебе имаш тоа што имаш, односно еден пар долен веш, маица и панталони со празни џебови. Не викам дека кај нас не постојат луѓе кои преживуваат на леб и вода, ама тоа го има насекаде во светот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and diva orhideja

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
10356464_10203731373995192_1717397642_n.jpg

bosna-9.jpg


bosna-8.jpg

Обреновац :(

 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ќе ве замолам само сликите да ги ставате во спојлер. Слика-две е во ред, но кога се редат повеќе, станува малку непрегледно и многу скролање иде за тие што сакаат да дојдат до текстуалните информации. Плус, мислете на оние со спор интернет. :D

Инаку, нашите свештени лица се откажале од еден џип и МПЦ донирала 3 милиони денари (речиси 50.000 евра), што, да бидеме реални, е солидно и добродушно со оглед на тоа како стојат работите помеѓу МПЦ и СПЦ. И не знам колку е точно, но некаде прочитав дека на нашиве им текнало ДДВ-то да го тргнат од донациите, нека извести некој поупатен дали е навистина така или само некој мачка очи. Е, лошото е што се најавува дека најпоплавениот Обреновац го чека уште еден бран... (worried)
Знам да бидам некогаш националистички настроено ѓубре, ама во вакви моменти кога ја гледам човечноста на дело, со сѐ друго тргнато на страна, па искрено и убаво чувство ме облева што колку-толку преовладува здравиот разум и човечките инстинкти. (bravo)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Да, само што таму на сред цел хаос и пропаѓање, млекото им го наплаќале по 150 динари, а прочитав дека имало и дешавки во стилот на: "Сакаш млеко? Океј... 1000 динари.". Покрај фактот дека илјадници се евакуирани и кој знае колку ги изгубиле домовите и сите работи кои ги поседувале, замисли дека после 24-48 часа едвај искачаш од таа река и на тебе имаш тоа што имаш, односно еден пар долен веш, маица и панталони со празни џебови. Не викам дека кај нас не постојат луѓе кои преживуваат на леб и вода, ама тоа го има насекаде во светот.
Јас зборувам за македонците што донирале до сега толку многу а кога треба за некој кај нас тогаш никој ништо нема и не го интересира дали на некој му треба помош. Сега сите се хумани и сите донираат дури и се организира превоз за да отидат и да им помогнат на браќата, а за овде кај нас нема потреба нели, нека се снаоѓаат како знаат. Што ми е мене гајле по колку им го продавале млекото, да бевме на местото на Србија демек немаше да има и кај нас такви будали што ќе сакаа да направат пари од маката на луѓето. Мислиш ќе им беше гајле на другиве држави за тоа дали некој ја продавал водата по 1000 денари, можеби ќе ни пратеа србите 20 тони храна и вода и ќе собереа 50 илјади евра за 1 ден.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Јас зборувам за македонците што донирале до сега толку многу а кога треба за некој кај нас тогаш никој ништо нема и не го интересира дали на некој му треба помош. Сега сите се хумани и сите донираат дури и се организира превоз за да отидат и да им помогнат на браќата, а за овде кај нас нема потреба нели, нека се снаоѓаат како знаат. Што ми е мене гајле по колку им го продавале млекото, да бевме на местото на Србија демек немаше да има и кај нас такви будали што ќе сакаа да направат пари од маката на луѓето. Мислиш ќе им беше гајле на другиве држави за тоа дали некој ја продавал водата по 1000 денари, можеби ќе ни пратеа србите 20 тони храна и вода и ќе собереа 50 илјади евра за 1 ден.

Може, може, може... може само да претпоставуваме како други би се однесувале доколу на нас ни се случеше ваква трагедија. И искрено, гајле ми е, не сакам да размислувам во таа насока. Убаво ми е што мојот народ е хуман и добродушен и покрај тоа што глобално гледано сме посиромашен народ, успеавме толку да одвоиме и да дадеме.

Башка, реално гледано многу слабо се прошируваат информациите за секојдневни донации, додека пак оваа ситација моментално е најактуелна и на тв и на нет, што автоматски може да се очекуваат поголеми донации.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Violet

Полноправен Член
2 март 2014
32
40
18
40
рајска градина
Страшно е ова што им се случува и недај боже и ние да стигнеме дотаму. Велат памти па врати, али за вакво нешто подобро да не дојде до ситуација да ни се враќа. Се да изгубеш што си градел цел живот за секунда..Сега ке следат и инфекции, паразити,комарци, болештини и вируси. УЖАС! :(