Масивни поплави во Босна и Србија

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Илјадници жители се евакуирани, а уште толку чекаат помош откако голем дел од Србија и делови од Босна завршија под вода после обилните врнежи кои го зафатија регионот. Многу домови и животи се загубени, а официјалната бројка на загинати сѐ уште не е позната за јавноста.
Војската, многу организации и спасувачки екипи активно работат во поплавените подрачја со цел да спасат што е можно повеќе животи, а во акцијата се вклучија и други држави, меѓу кои и Македонија.
Со самите поплави, се појавија и сомнежи дека зад сето ова можеби и не стои природна непогода, туку нешто многу поголемо. Засега, најраширена шпекулација е можноста дека таму се одвива HAARP експеримент.
Темава нека послужи за дискусија околу настаните, како и информации околу хуманитарните акции преку кои секој жител би можел да помогне.
Напомена: Сликите ставајте ги во спојлер.

Во маката се познаваат хероите.
Акција од Македонија !!!
Сите кои можат да заминат за помош нека се јават на бројот 02 3214 556
за донација
10246518_461135550688713_7979298678687933847_n.jpg

10364040_460935104042091_1698197367757055467_n.jpg
Tan2014-5-16_163752421_0-670x402.jpg
Tan2014-5-16_16375573_2-670x1026.jpg
 
Последна промена:

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Во недела на плоштад Македонија во 12часот ќе има донации за Босна и Србија.
Кој колку може нека однесе -храна,облека,ќебиња...
Е тоа се мали работи но од големо значење.
-еве цитирам еден што напишал
МАКЕДОНИЈО однеси 10 шлепери вода. Краставици, зелки, макарони ако не можеш со друго. Покажи волја.ПОМОГНИ на Србија и Босна за утре да ти помагаат.
10299923_843983735629599_4882493935885095489_n.jpg
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
^ A овие од Република Српска не се луѓе само за Србија помош ?
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Врз основа на одлуката на Владата на Република Македонија, денес Армијата на Република Македонија испрати помош во подрачјата погодени со поплавите во Република Србија и Босна и Херцеговина.
voenici.jpg


Во Република Србија денес АРМ испрати обучен персонал со материјално-технички средства и опрема наменети за помош во вакви прилики.

Кон Босна и Херцеговина од АРМ се испратени 3 илјади ќебиња кои заедно со останатата хуманитарна помош од Република Македонија се на пат кон поплавените региони во оваа држава.

1voenici.jpg


Македонската армија помага на терен во Србија

Хуманитарниот контингент на АРМ е дел од контингентот на Република Македонија, со помош наменета за поплавените региони во Србија и Босна иХерцеговина, каде во текот на денешниот ден заедно со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување се упати кон Република Србија.

На овој начин АРМ уште еднаш ја покажа подготвеноста за делување во услови на природна катастрофа и надвор од Република Македонија, како што во моментов е случај со поплавите во соседството и поширокиот регион на Балканот.

2voenici.jpg
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба

Два шлепера со минерална вода „Изворска“ компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци денеска донираше за настраданото население од поплавите во соседна Србија.

Меѓу првите од Македонија, оваа компанија одговори на повикот за помош на луѓето кои се борат со последиците од големата природна катастрофа што ја зафати Србија.




„Денеска во утринските часови од Српската заедница во Македонија добивме писмено барање за донација за засегнатите краеви со поплавите од Србија за донација на вода. Ние како компанија во рамките на нашите можности успеавме да издвоиме два шлепери вода за Србија. Тоа е количина од 50 илјади литри вода или со вредност од околу 8.000 евра“ рече сопственикот на „Кожувчанка“, Митко Јанчев.


Донацијата според планираното ќе пристигне попладнево во најзагрозените места. Со овој потег „Кожувчанка“ уште еднаш ја потврди својата голема хуманост кон општеството./A.Д
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Ова се пунктовите за донација за кои засега е сигурно дека утре (недела) ќе бидат поставени во повеќе општини во земјава:
Општина Аеродром – 10 часот, на ширинката кај Мајчин Дом, до малата црква
Плоштад Македонија – 12 часот
Населба Автокоманда – 11 часот, пред Римес (на коцката)
Куманово – 11 часот – 14 часот, плоштад
Велес – 15 часот, фондација „Фокус“ (зграда на НВО, спроти градинката во Дворови)
Треба да се внимава што се донира. Ова се списоците на работи кои засега им се најпотребни на оние што останаа без покрив над главата по катастрофалните поплави.
10345846_10201038381161547_6258505933487167813_n.jpg
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Соопштение за помош на настраданото население од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина Црвениот крст на РМ веднаш по појавата на природната катастрофа која ги зафати подрачјата на Србија и Босна и Херцеговина ,направи контакти со двете Национални друштва на Црвениот крст , и согласно материјално човечките ресурси понуди помош во екипи и опрема за спасување ( гумени чамци, спасители,тим за проценка за хуманитарните потреби на населението и станица за прочистување на вода )

Согласна нивната проценка во моментот има потреба од следнава помош: храна ,средства за хигиена, нова облека и обувки , кебиња,бебешка храна, вода за пиење. За таа цел Црвениот крст на РМ ги превзема следниве активности за обезбедување на помош :
1. Парична помош преку уплата на жиро сметка Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
2. Донирање на 100 денари со повик на телефоните : 075/070/077 143 400 3.
Собирен пункт за хуманитарна помош во Скопје е магацинот на Црвениот крст на РМ во Момин Поток со адреса ул.Момин Поток бб, тел. 3096227.
На локално ниво помошта може да се донира и во општинските организации на ЦК надвор од Скопје.
Црвениот крст на РМ , во соработка со Амбасадите на Србија и Босна и Херцеговина во РМ ги повикуваат компаниите и хуманите граѓани да се вклучат во апелот за помош на настраданото население.
Хуманитарната акција започнува од 17.05.2014 – 31.05.2014 година.За текот и резултатите од акцијата јавноста ќе биде навремено и соодветно информирана.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Внимaвaјте нa дoнaциите дaли се oфицијaлни брoеви,веќе oткријa и измaми лaжни брoеви зa дoнирaње. Сo среќa некa им е нa србите,секoгaш прирoдните кaтaстрoфи гo oбединувaaт нaрoдoт.