Манекенки

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Инспириран од еден разговор со форумџика тука, решив да ја отворам темава.
Се мислев дали да ја отворам во општи муабети или тука... На крај одлучив тука, модератори, ако вие сметате дека местото не и’ е тука. Преместете ја.

Зборот ми беше... Да се фокусираме на манекенките од сиот свет. И да позборуваме, дали тие се претставнички на вистинската женска убавина?
Слаби до таа мера што коските и ребрата веќе им се познаваат, без задник со заоблена форма(привлечен), без деколте од кое ти иде да :franticкако да си каснал луто пиперче...
Дали тоа е она вистинското што треба така по екраните да го претставува женскиот род?

Мое лично мислење е дека, тие модни ревии на кои се движат костури, ја уништуваат целата слика која треба луѓето да ја имаат за девојките.
Денес девојчињата наместо да се радуваат што имаат убави обравчиња, малку поголем задник, или бутчња следејќи ги девојките за пример од FashionTV првото што ќе го направат ќе биде...диета со изгладнување за да ослабнат.
Не знам, мене лично ми се лоши од овој свет на модата кој го претставуваат вакви...костури.
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
45кг. и ти вика дебелаааааааааа сумммм, молчи костурке!

како што кажав секоја една работа е добра само ако е избалансирана. се што премногу или премалку е невкусно.
јас имам слика како треба да изгледа вистинска девојка, имаш и ти..најчесто таа слика не се поклопува ама сепак мислам дека секој нормален знае основно кои работи треба да ги поседува една убава девојка и визуелно и внатрешно.
бизнисов со изгладнување на кутрите девојки ширум светот некому можеби му носи пари, ама едно сигурно знам, а тоа е дека уништува илјадници млади девојки, водени според таканаречени „светски стандарди“, тежнеат да го постигнат она што за светот е „идеално“.коски, кожа, пропаднати фаци...
страшно е..и она што е убаво, модните агенции го расипуваат, ги доведуваат девојките до степен кога ќе ги погледнеш да ти се повраќа а не да се восхитуваш на убавината.
но на крајот па не може некој да ти го владее умот, секој има мозок за да размисли што чини а што не, не може некој со инка да ти тури е ова е убаво и точка.и самите девојки се криви, не се гази преку се` за да се стигне до целта ако тоа што го газиш ќе бидеш самата ти!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Lovely*-*

Староседелец
27 мај 2012
230
164
1,043
34
Ohrid
kimmyqueen98.tumblr.com
Да си манекенка е многу тешко. Тие секогаш повраќаат, земаат кокаин, секогаш се на инфузии - за да изгледаат така слабо и мршаво. Таа писта што одат се вика ''кокаин писта''.
Сега еден случај ќе ви кажам можит го имате прочитано можит не: Една девојка од Америка многу убава витка не ја пиримаат на работа за манекенка во Шанел (мислам беше), зошто?! Затоа што немала мали гради...
Многу ми се одвратни манекенкине како што рече прави костури...:eek:
Само некои ми се убави од VS
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Станав диџеј ради манекенки,там тарарам там,там там,там тарарам там,там там
Сите други женски се кретенки,там тарарам там,там там,там тарарам там,там там.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN and parvati

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Ради нив не можам облека да си најдам, ко ќе ги видам така мали, мали, премали раката не ми ја собира не па мене. Убаво е да си слаба т.е по здраво е да си слаба ама до толку не, се си има свои граници за женските 10 кила помалку од висината мислам беше, а за машките мање битно. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Arkantos

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Станав диџеј ради манекенки,там тарарам там,там там,там тарарам там,там там
Сите други женски се кретенки,там тарарам там,там там,там тарарам там,там там.
question%20mark%20smiley.JPG
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
131-620x400.jpg


оваа е грчка водителка,погледнете само до кој степен отишла...што е и случај со многу Ленки манекенки (facepalm)


жалосно..кој мозок го размислува ова, кој мозок си дозволува вакво самоуништување..браво.