Конечно!Не сакам да сум парти-брејкер, не сакам да се навреди никој, ама ова е еден од глупите синдорми на фејсбук што ми го шкртат зидот, и сум многу против.
Зошто?! Ова е форум работата е да се развие дискусија, а сега вака сите ќе си одговориме и никаква дискусија, безцелна тема. Мислам дека членот кој ја отворил е нов по форуми, па треба добро да разгледа какви теми се отвараат и каков вовед треба да имаат, во ред.
Продолжете, но се надевамд ека нема да се размножуваат вакви теми, сепак мене ми пречи, па мој проблем, нели?
Уживајте![]()
Мислам за ставот околу тоа што е форум а што фејсбук се сложувам во целост. Но едно мало делче ми боде очи болдот. Тоа што константно „чамче“ темите преовладуваат во последни мислења е можеби една од причините зошто се отвараат теми од понеозбилен калибар. Точно, не може да се диригира какви теми треба да преовладуваат, но малку поголема ажурност не е на одмет. Не ја критикуам администрацијата со ова, далеку. Но има одредени теми кои поради мали ситници стојат раздвоени, а самите не привлекуваат теми за дискусија, само пластење на мислења.