Локални избори 2021

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Па, дојдовме и до овие избори. Изморени, претепани финансиски, емоционално, па и здравствено, ама избори ќе има.
Ќе има дури и со истечени лични карти, глас плус не смее да трпи.
Ќе гласаат и заразени, слушам немало вирус за време на избори, боловање земал.

Ми иде да седнам да напишам една поема на листот, ама не вреди за толку време.

Нема многу што да кажам, опциите ги знаете - змија или магаре, колективен IQ е 30, колку да одговара со возраста на... што и да е ова што си играме со парчево земја.
Се сменил кров на училиште, се асфалтирала 3 метри улица. Лани ми текнува кај другарка во приградска населба (збориме за 3 км од центар значи), тикви и лопати се направија што им асфалтираа уличка, па тоа пцуење партии, па мешање српско и патриотско до сабајле, закани за линчување по партиски основ, па играње ора дури не налегнат еден на друг... Како да го објасниш овој надреализам?

Гледам млади луѓе што ги познавам, се испосликале со кандидативе за локални градоначалници. Добро, стварно сум уверена од 2-3 дека не бива ни шупелка за на дисплеј само, ама толку да се сомневаш во своите способности, што мора да се спуштиш на тоа ниво да ракоплескаш на потпросечни „ќе“ персони на секој збор, да дремеш пред штаб и задолжително да ја споделуваш секоја нивна објава. Зошто? Зар не е било што подостоинствено?
Се ставиле 60 советници на по еден кандидат. Од каде бе 20 годишни за советници? Уште по некој упокоен да воскреснеме фали пошто ќе им зафалат луѓе.

И така. Тоа имам јас да кажам, повеќе од Бога и од вас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Изгледа пандемијата ќе паузира за време на избори пошто така заповедала држаата. Важно е да си ја сакаме држаата. Зарем постои некој друг ентитет кој се грижи за нас, грешните и никакви какви што сме?

Ваквите избори секогаш се платформа за ухлебување на секакви пацови кои одамна вребаат да се прикачат на општинска цицка па затоа се активираат пред избори со ветувања за брда и долини ако, и само ако, нивниот задник се спои со фотељата на која ќе седнат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Реално многу неквалитетни листи на градоначалници. Немаат ни основна култура дел од нив, ниту пак знаат да дебатираат. Ги гледав дел од нив прееска како на пазар да се дојдени, а не во дебатна емисија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ммм штабови се нижат наоколу, ајмо.
Три спроти зградава - сите од различни партии. Само весело. (puke)
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Океј, а кој им дава за право да тропаат секој ден на врата на партискиве ботчиња?
Значи бирање градоначалник = нудење Кирби, освен што на вториве повеќе би отворила.
Море памтам пред години, мислам дека беа СДС, беа оставиле преубави наполитанки на врата. Е сега, не знам што наполитанки се пошто беа со логото на партијата, ама би оставила еден лист да ѕвонат само ако носат од наполитанките, а во спротивно да не се мачат.

Убаво им правеше тетин ми да им го види паметот. Ќе појдеше во по некој штаб уз пат кога ќе му е, ќе им кажеше „Ја од Швајцарија сум дошол да гласам за вас“ и еве до денес има партиски упаљачи, а ние крпи за бришење прашина по дома од маиците. :rofl
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Кај нас веќе слават за Максим.
Иако никој не е заслужен за глас пошто не гледам да постои „помало“ зло, сите се зло, но можеби би била за него ако не знаев тројца од неговата листа на советници и какви неспособни шупелки се. Вака гледам дека не е толку од и за народот, колку што е (ко и секој друг политичар) да ги зграби оние несигурните што менуваат партија ко сончогледи и би трчале секаде за него за да останат на работно место пошто се неспособни да се снајдат со знаење.
Ама, тоа е што е.

На ниво на држава па, еве ќе се вратат домаќинките да прават ВМРО торти, а мажите да носат во штаб и да мерат која појако направила. Da se vratime kon vrednostite hhh.

1635714991311.png
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
416
707
1,103

Отвори ја прикачената датотека 34760
Да беше некој способен, немаше да е на советничка листа, па да моли за гласови, да си фати некое местенце, понеделник до петок, слободен викен и државни празници, платичка на први. Па после лижење гз за решение, за да не се мачи кутриот. А пред тоа во штаб, лепење плакати и карање со сите неистомисленици.

Само не можам да ги сватам луѓево по штабови, кои не се на тие листите, зашто седат таму по цел ден, што прават? Се натпреваруваат кој појако лепит плакати, и кој е најбрз? Учат како да лижат гз? Сакаат да се вработат, иако се неспособни газот да си го избришат? Или па да ги пикнат некаде (читај, зградата на Водовод Охрид нема физички капацитет да ги собере сите вработени, нема доволно столчиња, сега клупи ќе треба да прават :D) па на следните избори да им се закануваат дека ќе ги избркаат ако не одат на митинзи низ цела држава и ако не донесат гласови?

Како и да е, да те пикнат од партија на работа едно големо достигнување, кон кое сите треба да се стремиме и со гордост да лижиме гзеви. E тоа е големо ДОСТИГНУВАЊЕ
 
Еве јас познаничкава што ја имам, а е на негова листа, до вчера пишуваше kakosi и остало, сега демек е многу адекватна со свои 25-6 години да е советник? Има и дете некое од 20-21 година...
Со нашиве „капацитети“, би ставила забрана под 30 да не смее никој да бекне во политика, па после прво да го/ја стават до кај 35 да им вари кафе и да слуша и учи, па дури после да има право да даде мислење. Овој роден за време на конфликтот во 2001, што знае, реално, освен што формирал впечаток од маалски и муабети од роднини дека баш Максо (или за кој и да му понудил работа) е правиот?
За Оливер па да не зборам каков пропалитет е и тој и колку треба да е во затвор (т.е. и двајцата би ги јас). Куманово буквално немаше помало зло меѓу овие двајца.

Луѓево па као сакале СДСМ да го казнат, ама неќеле ВМРО да се врати, па сега изненадени кој победил. Не знам што очекуваа, дека трета опција ќе никне од никаде и ќе седне на градоначалнички места?
Гласачко тело што верува дека со локални избори веќе ќе го вратиме името (или дека општо ќе го вратиме), не треба да има право на глас. Демек ова јузернејм на форумов е, па ќе се смени кога сакаме и како сакаме. Дури и тука има правила/лимити. Проста, проста раја сме.
 
Гледај да те вработат, да земиш решение и да си го средиш животот е школата што постарите ја намтнуваат на децата. Од тоа произлегуваат овие работи, трчање за партии, лепење плакати, славење победи и порази. Мое мислење за тоа дека ставаат млади луѓе на такви позиции е дека тие се полесни за манупулација за да гласаат за некоја одлука со која главните ќе си ги исполнат целите.

Јас па во првиот круг излегов да гласам, после 12 години негласање, за Гоце Вегета зошто човекот излезе на телевизија и им го кажа на двајцата кандидати то шо сите сакаме да им го кажиме в лице, без срам и перде и никој не сакаше да му одговори само за то шо човекот ја зборвеше вистината.

Тој беше еден од тие шо зборвеше дека ќе ја рушат оваа дивоградба северна, и дека ќе го вратит името, и дека знамето со 16 краци ќе се изложит на општината како прва работа која ќе ја напрајт како градоначалник.
Ако ништо барем зеде доволно гтласови за да имат втор круг во Охрид :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Makedonka

Нов член
15 април 2022
18
3
3
Доцнам за дискусија на темава, но морам да го изјаснам мојот став. Водени од латинската поговорка acta, non verba (што во превод значи дела наместо зборови) некои градоначалници работат секојдневно. Значи во Битола од земањето на мандатот се гради секојдневно и непрекинато, се дава поддршка на младите за литературни конкурси, стипендии и сл.
Штип добива поинаков лик со новиот асфалт на мноогу улици, исто во тек е изградба на спортско игралиште.
Муцунски, беспрекорно и феноменално го води Аеродром! Од спорт до почеток на изградба на градинки!
Сето ова е мал дел од општините каде многу се изгради, а допрва доаѓаат промени.
Но што правиме со Струга? Со Тетово? Со Струмица???
П. С. Ова не е политички туку реален став, став на човек кој сака да гледа светло на крајот од тунелот.