Па, дојдовме и до овие избори. Изморени, претепани финансиски, емоционално, па и здравствено, ама избори ќе има.
Ќе има дури и со истечени лични карти, глас плус не смее да трпи.
Ќе гласаат и заразени, слушам немало вирус за време на избори, боловање земал.
Ми иде да седнам да напишам една поема на листот, ама не вреди за толку време.
Нема многу што да кажам, опциите ги знаете - змија или магаре, колективен IQ е 30, колку да одговара со возраста на... што и да е ова што си играме со парчево земја.
Се сменил кров на училиште, се асфалтирала 3 метри улица. Лани ми текнува кај другарка во приградска населба (збориме за 3 км од центар значи), тикви и лопати се направија што им асфалтираа уличка, па тоа пцуење партии, па мешање српско и патриотско до сабајле, закани за линчување по партиски основ, па играње ора дури не налегнат еден на друг... Како да го објасниш овој надреализам?
Гледам млади луѓе што ги познавам, се испосликале со кандидативе за локални градоначалници. Добро, стварно сум уверена од 2-3 дека не бива ни шупелка за на дисплеј само, ама толку да се сомневаш во своите способности, што мора да се спуштиш на тоа ниво да ракоплескаш на потпросечни „ќе“ персони на секој збор, да дремеш пред штаб и задолжително да ја споделуваш секоја нивна објава. Зошто? Зар не е било што подостоинствено?
Се ставиле 60 советници на по еден кандидат. Од каде бе 20 годишни за советници? Уште по некој упокоен да воскреснеме фали пошто ќе им зафалат луѓе.
И така. Тоа имам јас да кажам, повеќе од Бога и од вас.