Лига на Шампиони и Лига Европа 2015/16 & 2016/17

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не беше нешто посебно Апоел, Вардар мораше да победи на таа утакмица. Јас мислам дека Вардар ќе изгубеше и од Трабзон, да играше со нив. Џабе толкави пари фрлени кога ништо не прават, Работнички секогаш најдалеку стигнува во квалификацииве, сега во плеј оф ќе изгуби 99% бидејќи нема шанси да им се падне некој слаб тим иако сите тоа сакаме, ама барем секогаш стигнуваат најдалеку и тоа со состав многу послаб од оној европскиот на Вардар.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Фала богу дека такаа ќе викаат, не поминаа селски клуб од петта лига. После Галатасарај и Бешикташ, Трабзонспор е најголем клуб у Турција.
Можда Турциве имаат проблеми моментално, ама никако не се за потценување, а за Вардар го делам мислењето со Алтер од погоре.
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Добро, ај малку пошироко тогаш за Вардар кога веќе почнавме:

Прво, не се џабе фрлени парите, ова е сепак фудбал и не се купува екипа за една недела како во ракомет. Потребно е континуирано вложување и работа и да се напредува од година во година. Резултатите ќе дојдат. Во моментов ни една наша екипа не е на потребно ниво но без амбиции и вложување секогаш ќе завршуваме пред групната фаза.

Второ, Вардар не можеше да го помине Апоел од едноставна причина што немаа ни еден асален напаѓач и никаква контра која беше повеќе од потребна. За тренер да не зборуваме, дупка беше русинот. Апоел од друга страна според мене е многу посилен од Трабзон во моментов, значи да оставиме на страна тоа трета екипа во Турција, имиња и сето тоа, играта на двата меча со Работнички им беше трагикомедија, не се уиграни, раскарани се меѓу себе, ги тресат скандали и Работнички сето тоа на крај успеа да го искористи. Со ова не сакам да им го минимизирам успехот сепак е голема работа да се помине Трабзон. Апоел е екипа што игра редовно во ЛШ, уиграни се многу повеќе но сепак и тие не го поминаа Вардар со 5-0 туку се протнаа на гол во гости, иако беа подобар противник. Во секој случај Вардар не можеше во нападот да му се закани на Апоел како што тоа го правеше Работнички со Трабзон и сите знаеа и пред дуелот дека тука Вардар е многу тенок. Но со последново засилување се решава и тој проблем а догодина во квалификациите да доведат уште 1-2 добри засилувања и да мрднат напред со квалитет.

Трето, правете разлика помеѓу квалификации за ЛШ и ЛЕ, самата мотивација на фаворитите не е на исто ниво, без ЛЕ се преживува, а за ЛШ се гине, големи пари се во прашање. Вардар многу пати добива најтежок противник во рана фаза, од Бате Борисов преку Стеауа до Апоел, во таа фаза скоро сите тимови беа полесни но ждрепката не ги сака. Јас би сакал следна година да го поминат тоа коло, да испаднат во следното и да се борат за ЛЕ каде реално има шанси да се влезе и да се игра добар фудбал. ЛШ е далеку подобро да не се срамиме.

Во секој случај нема ништо погрешно во тоа што Вардар го прави, еве ако е така Трабзонспорт фрли многу повеќе пари и не стигна во групна фаза. Фудбал е и разликата не е толку голема, фаворити испаѓаат секое коло и не треба да фрламе со дрва и камења по нашите аутсајдери затоа што испаднале.

Инаку да се навратам на она „Леле што направивме“: не, не треба да викаат така, и се додека викаат така ќе испаѓаме во групна фаза. Треба да сфатат дека вакви екипи иако се подобри реално можат да се поминат во летен период додека не се уиграни како што треба, и да не се понашаат како да ја поминале Барселона. Екипите од соседството поминуваат и влегуваат во групна фаза па не паѓаат во трансови а нашиве медиуми да ги читаш мислиш дека СП сме освоиле.

Честитки уште еднаш, добра работа завршија. Сега се во носители зошто му го земаат местото на Трабзон, па да се надеваме на добра ждрепка иако мислам дека било кој ќе биде фаворит во однос на Работнички.

ЕДИТ: Изгледа грешка сум дека се во носители.
 
Последна промена:

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Салцбург, Рубин Казан, Либерец, Фенербахче, Бордо и Лех Познан се можните противници на Работнички.

Да ги посака среќата па да им се паднат Либерец или Салцбург.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Салцбург, Рубин Казан, Либерец, Фенербахче, Бордо и Лех Познан се можните противници на Работнички.

Да ги посака среќата па да им се паднат Либерец или Салцбург.
Само Либерец, Салцбург мислам лани играше во ЛЕ. Колку толку имаат некакво искуство. :zelen
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Салцбург е во тешка криза тие се најдобра опција во моментов. Овие Полски/Чешки/Словачки екипи се неатрактивни и секогаш ќе не поминат.

Парови за ЛШ:

Play-off draw
League route Lazio (ITA) v Bayer Leverkusen (GER)
Manchester United (ENG) v Club Brugge (BEL)
Sporting CP (POR) v CSKA Moskva (RUS)
Rapid Wien (AUT) v Shakhtar Donetsk (UKR)
Valencia (ESP) v AS Monaco (FRA)

Champions route
Astana (KAZ) v APOEL (CYP)
Skënderbeu (ALB) v Dinamo Zagreb (CRO)
Celtic (SCO) v Malmö (SWE)
FC Basel (SUI) v Maccabi Tel-Aviv (ISR)
BATE Borisov (BLR) v Partizan (SRB),

Каква ждрепка имаше Динамо: прво играа со некоја екипа од Луксембург, после го поминаа Молде, во исто време неколку фаворити пукнаа па Динамо ничим изазван се најде во група носители и таму го доби најлесниот противник - Скендербег :) Мора и среќа да те прати некогаш.
Партизан има шанси да ги плесне Бате, штом ја помина Стеауа. Не е невозможно. Од јаките пресметки Лацио - Леверкузен, се надевам на победа на Лацио за да може Италија во скоро време да ја престигне Германија и да си го врати четвртиот патник во ЛШ. Исто Монако - Валенсија е добар дуел but I couldn't care less.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
2270007_w1.jpg

Последната рунда за групите во ЛШ. Какви тимови жити се, овие албанциве Скендербеу или како и да се дошле до плеј оф, и сега ако изгубат ќе си одат во ЛЕ. А тимови како Лацио и Баер ќе играат меѓу себе.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
И јас би одел на Салцбург ако имаат искуство, Пољациве ич не ги сакам, Бордо и Фенер да не ни мислам на тоа зашто ќе баксузирам.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Салцбург е во тешка криза тие се најдобра опција во моментов. Овие Полски/Чешки/Словачки екипи се неатрактивни и секогаш ќе не поминат.

Парови за ЛШ:

Play-off draw
League route Lazio (ITA) v Bayer Leverkusen (GER)
Manchester United (ENG) v Club Brugge (BEL)
Sporting CP (POR) v CSKA Moskva (RUS)
Rapid Wien (AUT) v Shakhtar Donetsk (UKR)
Valencia (ESP) v AS Monaco (FRA)

Champions route
Astana (KAZ) v APOEL (CYP)
Skënderbeu (ALB) v Dinamo Zagreb (CRO)
Celtic (SCO) v Malmö (SWE)
FC Basel (SUI) v Maccabi Tel-Aviv (ISR)
BATE Borisov (BLR) v Partizan (SRB),

Каква ждрепка имаше Динамо: прво играа со некоја екипа од Луксембург, после го поминаа Молде, во исто време неколку фаворити пукнаа па Динамо ничим изазван се најде во група носители и таму го доби најлесниот противник - Скендербег :) Мора и среќа да те прати некогаш.
Партизан има шанси да ги плесне Бате, штом ја помина Стеауа. Не е невозможно. Од јаките пресметки Лацио - Леверкузен, се надевам на победа на Лацио за да може Италија во скоро време да ја престигне Германија и да си го врати четвртиот патник во ЛШ. Исто Монако - Валенсија е добар дуел but I couldn't care less.
И Апоел го послужи среќата, не само Динамо. Јас иначе мислам дека и Селтик - Малме или Малмо како и да се викаат ќе биде добра утакмица. Нормално Лацио - Баер ќе е најинтерсна иако според мене лошо се паднале. Ама ај.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Апоел да ама тие секако беа во носители па не е неочекувано. Инаку гледам дека УЕФА направила систем за да им даде поголема шанса на послабите земји да имаат учесник. Ова е веќе достижно во догледно време, но сепак јас би бил посреќен со ЛЕ.