Лига на Шампиони и Лига Европа 2015/16 & 2016/17

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
На Арсенал групата, Олимпијакос и Динамо си пуштаат по една утакмица наместо да се тепаат и понатаму ќе иде оној кој ќе го тепа Арсенал уште еднаш. Арсенал зема поен од Баерн и ги тепа Олимпијакос и Динамо и се моли Баерн да не киксне против нив. Ако Арсенал земат повеќе од 1 бод од германите, веројатно ќе настапат убаво да ги тепаат што повеќе балканците и ништо чудно пак да завршат втори на крај. Ако овие балканците одиграат меѓу себе нерешено шансите рипаат многу повеќе.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Види мајката, денес Англискиве тимови супер беа иако малку фалеше Сити да изгуби да го погодеше тој црнецот подарениот пенал и да беа Борусија малку сконцентрирани, џабе се чуваа за ЛШ подобро ќе им беше во Бундес да си бркаат резултати.
Јунајтед не ја гледав ама ја снимив, ќе гледам утре да видам како било.

Утре во ЛЕ, нормално Ливерпул кикснува 10000%, Тотенхем исто. Добро ај Ливерпул можеби нема да изгуби ама нерешено да заврши сигурно. :)

Супер? Со одвај извлечени победи вс. некои немачки тимови?! Играат онака, ако тепаат ок ако не пак е ок.
Менхенштурмбанфирер мораат да играат максимално во ЛШ пошто тоа им е шансата за пари и слава, во бундес лига неможат да го урнат Бајерн (единствено атомска над Минхен :zelen) и понекоја трошка шо ќе остане...
Ја гледав оваа М.Ј вс. Фолксваген, онака утакмица ништо посебно, на моменти играа ок јунајтед ама после вториот гол како отсутни, го извади Мемфис за да чува за во недела за Арсенал и стави некое анонимно детиште во игра, мата беше јак а овие фолксваген некои јалови обиди да изедначат и некои додавања во аут и безвеза киксови...

На Арсенал групата, Олимпијакос и Динамо си пуштаат по една утакмица наместо да се тепаат и понатаму ќе иде оној кој ќе го тепа Арсенал уште еднаш. Арсенал зема поен од Баерн и ги тепа Олимпијакос и Динамо и се моли Баерн да не киксне против нив. Ако Арсенал земат повеќе од 1 бод од германите, веројатно ќе настапат убаво да ги тепаат што повеќе балканците и ништо чудно пак да завршат втори на крај. Ако овие балканците одиграат меѓу себе нерешено шансите рипаат многу повеќе.

За Арсенал е најдобро да одигра јако со Бајерн со прв состав, чисто за надигрување, а со олимпиос и со генератор да ги пушти деците од у-18 :zelen за да не се замараат и напролет со ЛШ...

Мојс гузеше све по ред во ЛШ, паметам на Баер им натоварија 9 гола, го елиминира клубот кој сега го води и го скичми олимпос :rofl и на неколку минути беше во 1/2ф. и тоа со еванс и андерсон :rofl
 
Последна промена од модератор:

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Што ви реков за Ливерпул? :rofl:rofl Не се нормални знаев јас. 1:1 со Сион еј, мрднати.
И за Тотенхем бев во право. :)
Па и овие на Мтв ја даваат Наполи заради Тричковски, наместо Селтик да ја пуштеа сигурно била добра утакмица. :)

Супер? Со одвај извлечени победи вс. некои немачки тимови?! Играат онака, ако тепаат ок ако не пак е ок.
Менхенштурмбанфирер мораат да играат максимално во ЛШ пошто тоа им е шансата за пари и слава, во бундес лига неможат да го урнат Бајерн (единствено атомска над Минхен :zelen) и понекоја трошка шо ќе остане...
Ја гледав оваа М.Ј вс. Фолксваген, онака утакмица ништо посебно, на моменти играа ок јунајтед ама после вториот гол како отсутни, го извади Мемфис за да чува за во недела за Арсенал и стави некое анонимно детиште во игра, мата беше јак а овие фолксваген некои јалови обиди да изедначат и некои додавања во аут и безвеза киксови...



За Арсенал е најдобро да одигра јако со Бајерн со прв состав, чисто за надигрување, а со олимпиос и со генератор да ги пушти деците од у-18 :zelen за да не се замараат и напролет со ЛШ...
Па за разлика од завчера, Јунајтед и Сити победија. :)
За Борусија во право си, во лигата ништо не играа и се чуваа за ЛШ ама џабе. А и судиите се правеа слепи ептен, кога го даде Сити првиот гол пред тоа беше чист гол а тој линискиот ништо не покажа, среќа гол беше одма после тоа иначе ќе ги уништеа ептен. :)
 
Последна промена од модератор:

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Треба да згасне клуб како Ливерпул и од нула да почнат од 8ма лига таму или 9та која е во Англија па да изиграат нешто. Стварно не ми е јасно како може олку за грев да се. И не се заебавам, сериозен сум.

А што се однесува за Арсенал па и тие, Олимпијакос му "дртна" 3 гола ееееј, туку останувам резервиран до недела, оти ранетиот лав најопасен е. :p :D
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Треба да згасне клуб како Ливерпул и од нула да почнат од 8ма лига таму или 9та која е во Англија па да изиграат нешто. Стварно не ми е јасно како може олку за грев да се. И не се заебавам, сериозен сум.

А што се однесува за Арсенал па и тие, Олимпијакос му "дртна" 3 гола ееееј, туку останувам резервиран до недела, оти ранетиот лав најопасен е. :p :D
Не треба да почне од нула, треба да се избрка тренерот. После нерешеново со тим кој ќе го победиме и ние ако се собереме треба да го избркаат одма, не знам што чекаат. Ај можеби кога ќе изгубат од Евертон ќе му биде крајот.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Не треба да почне од нула, треба да се избрка тренерот. После нерешеново со тим кој ќе го победиме и ние ако се собереме треба да го избркаат одма, не знам што чекаат. Ај можеби кога ќе изгубат од Евертон ќе му биде крајот.

Не го бива тимот, тој бразилскиот циркузант кај е? Џабе фрлени пари!
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не го бива тимот, тој бразилскиот циркузант кај е? Џабе фрлени пари!

Не е толку лош тимот колку што е менаџерот а бразилецот е уште еден во низата флопови (со оглед на цената е супер-флоп), сигурно има купено над 20 флопови од кога е менаџер на Ливерпул :zelen
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ваков Баерн јас не очекував. Ако порано важеа за еден од најгрубите тимови во Европа, ова што го гледам е ко да гледам некој шпански тим. Паѓаат ко крушки при секаков допир, гледаат само некој фенси потег да направат... стварно очекував повеќе од нив. Едино го поштувам Нојер, момакот си заслужи и златна топка пред две сезони ама никој не го интересира дефанзивниот дел од тимот па затоа му ја џапнаа. Доволно говори за тимот тоа што Волкот носеше тројца на грб градејќи топка, а Санти со двајца се држеше рамноправно (facepalm)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Можеше да е 6:0 за Арсенал да не беа тие 2 луди одбрани на Ноер и подавањето на топката на Волкот до Ноер, наместо да му ја бапне со сета сила тој му ја подава. (facepalm)
Јак голман е Ноер иначе, еден од омилените ми е од Баерн, а само двајца се. :zelen
Како и да е, ете победи Арсенал не е битно колку промашиле.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Искрено мислам дека Баерн во ПЛ не би биле ни во топ 5. Второ полувреме повеќе одеа отколку што трчаа. 700 подавања, три шанси.
Венгер конечно може да здивне малку иако не завршува тука ништо. Овде почнува трката за пласман во 8мина финале.
Тео Волкот ко да имаше трема, неколку чисти шанси ги утна. Ај за таа со глава не му замерувам, доби топка со ефе и малку е тешко да одбиеш прецизно таква топка ама и Нојер реагираше ванземаљски :zelen Второ полувреме им го давам на одбраната на Арсенал. Кошчелни е играчиште ипол, Белерин исто така, па и Гибс докажа дека треба да му се дава повеќе шанса да заигра. Чех одлично изреагира во тие 3-4 ситуации и тоа е тоа. Санчез малку потфрли утакмицава, направи два големи киксови во одбрана и фрли неколку употребливи топки во вода ама не му замерувам толку затоа што му треба малку да здивне. Озил кога Арсенал води или е во психолошка предност игра фантастично. Лошата вест е дека и Рамзи се приклучува на повредените во Арсенал.