Не сакам да отворам туку се мислам да не сум многу напорен на темава со овие дискусии, демек да олабавите од мене.
Повторно, зборуваме за последните 10-на години и зборуваме за анонимуси кои станале играчи во тимот. Неспоредливо е тоа со Анри кој имаше професионални договори уште пред да дојде во Арсенал.
Не се тие така „селски“ клуб, тие создале играчи во минатава деценија кои денес играат во Реал, Барса, Јувентус, Интер итн... други се финансиските прилики, јазот помеѓу истокот и западот си го направи своето. Денес не можеш на овие простори да задржиш талент, никогаш повеќе нема да се собере екипа како Звезда од 90-те. Некогаш одамна кога постоеше правилото за максимум три странци и кога домашните првенства секаде беа посилни, беше друга приказна. Сега парите играат.
Не си напорен, разлика во перцепции, тоа е и поентата на дискусијата, судар на различни мислења, факти, аргументи, перспективи
Јас не сум компетентен за лиги јужно од ла манш, си признавам, толку знам, островјаните ги пратам, не дека неам гледано порано и рандом утакмица од рандом лиги или еуро купови ама тоа беше порано, претежно со друштво ваму таму ќе ме излажеа да гледам сериа а или примера (еден другар беше оспеднат со бајерн на пример)...али тоа е минато.
Слободни отвори си тема, не гледам причина зошто да не отвориш
Не е само Анри, стотици се буквално, машина за стварање играчи е Арсенал тоа им е заштитен знак и не само од Венгер него уште во времето на илинденско востание
Порано Нотингем харал во европа играле финале на ЛШ со малме, постирав еднаш видео некаде по темиве не ми се веруваше на јутјуб кога видов дека било можно финале нотингем-малме
Јасно дека парата е во прашање ама истокот наместо да гради брендови и да гледаат да појачаат лигите све е свртено на криминал, перење пари, корупција, политички срања... во сплит на тревата искосиле кукаст крст во квалификации за европско и ја казниле хрватска, колку треба да е некој отиден во офсајд за таква глупост