Кога сме веќе кај ѕверов:
Многумина велат дека самата Лејди Гага е маркетиншки трик, производ целосно осмислен од еден тим, веројатно најмногу инспириран од тактиката на Мадона. Многу малку луѓе знаат која е Стефани Германота и колку „обична“ била додека настапувала по мали клубови, за потоа да се претвори во вамп жена која за многу кратко време постави нови стандарди за контроверза. Од костим направен од месо, до сликањето гола за новата рекламна кампања за нејзиниот парфем, Гага и нејзиниот тим се трудат фокусот постојано да е врз неа. Па така и нејзиниот имиџ во јавноста е целосно осмислен така што таа носи необична облека која повеќе открива отколку што покрива и носи чевли кои пркосат на гравитацијата. Во суштина никој не се труди колку неа личноста од сцената, да ја префрли и во приватниот живот. Добар дел од фамата таа ја крева и со помош на својот Твитер профил, кој максимално го користи за себепромоција.
Кога станува збор за нејзиното минато, за кое таа се жали дека била малтретирана во училиште зашто била поинаква, беше негирана од нејзини соученици кои рекоа дека била премногу обична како дете, никој не ја малтретирал и дека сака да исценира жртва за да се поврзат со неа нејзините фанови. Дури се вели дека има мошне богат татко кој е најмногу заслужен за она што е таа денес.