1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Лек против кашлица

Дискусија во форумот 'Општи здравствени проблеми - прашања и одговори' започната од Gemini, 8 февруари 2013.

  1. Gemini

    Gemini Староседелец

    Зачленет на:
    24 мај 2012
    Мислења:
    2,477
    Допаѓања:
    5,079
    Темава ја отворив од маката што си ја имам цел ден.Се удавив од кашлаше па и како што бев цел ден прво на пракса па школо немав време ни антибиотик да се напијам само од сабајле си направив еден чај и само бомбони лижев да не кашлам..добро ми беше ама тоа траеше само минута и потоа се давев од кашлање на часови..
    Знам и неколку чаеви против кашлица ..првиов го пијам во моментов па се надевам ќе има резултати
    -Се става во чајник нане и оригано и нормално вода и се остава се додека не зворие ..
    Чај од кромид(што немам храброст да го испијам а не да го направам)
    Во чајник се става вода и една главица кромид пред тоа убаво исплакната и се остава да зворие..потоа може и шеќер да се стави..

    Споделувајте и вие лекови против кашлицата па може да го применам јас или пак некој друг што си имам проблем како мене (wave)
     
  2. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Има еден лек, што е многу ефикасен - дури и премногу.
    Се става во ѓезве две лажици(големи) мед, две лажици ракија, и една лажица ЗАЈТИН, сето тоа се зоврива, нема да се соедини баш-баш, ама ќе биде потечен медот, и се остава да се олади. Потоа на секој 2 часа по едно кафено лажиче да се конзумира, и по можност малку да се почува во уста.
    Делува веднаш - мене ми делува.
     
    На kizzo, Anakin, 84 sk_Y ^_- и уште 2 други им се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Чај од кантарион, прегорен шеќер, топла вода со лимон и мед, само мед (од време на време), супа од кромид (мислам дека беше со мед), општо топли пијалоци (не жешки), Fishermen's Friends (not too much), Herba, Септолете, прополис... да се одржува влажно грлото.
     
    На Anakin и Gemini им се допаѓа ова.
  4. MountainMan

    MountainMan Активен Член

    Зачленет на:
    29 јануари 2013
    Мислења:
    96
    Допаѓања:
    151
    Јас кога сум имал кашлица најмногу ми помагало чај од липа... еднаш кога бев фатил кашлица цел ден пиев и за 2-3 дена почна да се смирува.
     
    На Gemini му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,105
    мислам дека тоа беше тегаец. нешто слично на мед :) помага :)
     
    На Gemini му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Давор

    Давор Староседелец

    Зачленет на:
    10 ноември 2012
    Мислења:
    1,300
    Допаѓања:
    2,081
    Кога кашлам,ме боле грло или сум настинат,си пијам iso sport.Супер сокче мене ногу ми помага :) Препорачувам!
     
    На Gemini му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Twystet

    Twystet Нов член

    Зачленет на:
    8 февруари 2013
    Мислења:
    6
    Допаѓања:
    8
    Чај од нане!...Помага :D
     
    На Martin_MKD и Gemini им се допаѓа ова.
  8. Caci

    Caci Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    872
    Допаѓања:
    1,103
    Мене кашлицата ми се смирува кога ќе апнам мед, ама ќе оставам тој сам да се стопи во устата полека :)
     
    На Gemini му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Марија

    Марија Poétesse

    Зачленет на:
    14 април 2012
    Мислења:
    1,146
    Допаѓања:
    2,490
    Водечки е чајот од кромид кој е природен антибиотик и антисептик со најголема концентрација на состојки кои делуваат во таа насока.
    Сите чаеви помагаат но само конзумирани во големи количини, истотака би додала и лук, најубаво е и кој може секако да го јаде само така, но за олеснување на работата сос со павлака, мајонез и многууу лук е совршена комбинација против болно грло и кашлица.
    И мед, како што веќе кажавте - многу мед.
     
    На Gemini му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Trajche

    Trajche Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    1,541
    Допаѓања:
    2,555
    Јас кога сум имал кашлица секогаш гледам да е нешто ефикасно и да делува што е можно побрзо, а тоа секакош било прегорен шеќер, кој секундарно ми ја ублажува болката на грлото и престанувам да кашлам наедните 5-6 часа.
     
    На Gemini му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: