Знаете ли некој лек против кашлица? Умрев. Не можам да престанам.
Зависи каква е кашлицата. Јас зимоска имав сува и не можев да се отарасам добри 6 недели од неа. Прво и основно, не правиш ништо без сируп. Единствениот сируп што тогаш ми помогна е сирупот на Dr. Theiss за сува кашлица. Околу 200 денари е, ама вреди, веруј! Во меѓувреме земи си септолете со анестезик, тие помагаат моментално малце да одмориш од маката. Исто така и Fisherman's Friend. И знаеш, вообичаените работи како повеќе течности, чај, супа, мед, итн.