Купување книга, задоволство или кошмар?

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
И да... заборавив да кажам.
Ана Каренина од Толстој, преведена од Марија Најческа Сидровска.
Девојката... ми се чини дека цела книга ја ставила на гугл транслејт а потоа само ја пуштила во продажба.
Страшно... Колку само реченици се неповрзани, бесмислени.
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Обожавам да читам книги , обично ги земам од Библиотека, но задоволството е многу поголемо кога ќе ја купам. Друго е да си ја имам дома. Само ги редам и ги прередувам книгите на полица сакам под конец да ми се. Сум почнала и како роденденски подарок да барам книга... :) Порано не сум сфаќала како се радуваат на подарокот книга...сега разбирам и тоа мноооогу.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Дефинитивно задоволство:)
Се губам во книжарите и знам со саати да не излезам од таму.
Дури и поголемо задоволство од купување алишта и облакање и соблакање по тесни кабини.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: the.boy and cakar_ulav

the.boy

Истакнат Член
11 јуни 2013
68
72
318
41
Се додека мојата библиотека расте и расте, купувањето книги ми е задоволство, дефинитивно :)
Се надевам дека еден ден ќа го имам тоа што го посакувам: големо биро на таванот на мојата куќа, огромна лампа на средина, и многу книги околу мене :)
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Задоволство, ofc.
Мојата домашна библиотека е скромна за жал, но тоа е затоа што лошо стојам финансиски. Најчесто купувам книги за време на саемот, а ако заштедам некоја пара знам да се почестам со добра книга.
 

Wesley

Нов член
24 јуни 2013
6
18
3
36
Многу скапо задоволство. Повеќе имплицирам кон библиотеките поради реткоста на квалитет која е обратно пропорционална со цената на купената книга.
Денес кога влегуваш во некоја од големиве издавачки куќи (Култура, Матица) многу ретко кога наидуваш на добро обработена и преведена книга. Некои се дури и неосвновано скапи за својата содржина, повеќе се издаваат книги од лесен ков или оние кои ќе те прошетаат но по одредено време и ќе заборавиш на нив. Англиските новоиздадени се неосновано скапи, освен класиците, кои за релативно поевтина цена може да се најдат и на македонски или евентуално српски превод по антикварниците низ градов.
За другиве издавачки куќи (Или-или, Табернакул, Магор) треба да начекаш некој самостоен саем, тогаш можно е да имаш и добар улов. Но од друга страна, зошто да чекам, кога ја има таа книга и по библиотеките. Се разбира ако сака човек да поседува примерок од некоја која буквално му има фрлено светла нишка во животот, за да понекогаш повторно ја прочита одново без некакви си обврски кон библиотеката.
 

Simplicity

Нов член
3 април 2013
9
17
3
Нормално задоволство,иако во последно време не си го дозволувам.
Што од лоши преводи,што од високи цени. Поради ова,размислувам да се зачленам во библиотека и од таму да си ги земам книгите.
Освен,некои изданија што сакам да ги имам за себе.
За жал,за разлика од порано,високата цена не гарантира квалитет. Освен можеби кај Табернакул и Магор.
Гледам се развила дискусија за Ѓурѓа,издавачка куќа што не би требало да постои.
 

Smiley_1996

Истакнат Член
14 февруари 2012
345
802
393
Кумановоoo !
И задоволство и кошмар,зависи до многу аспекти ... Уживам кога ќе влезам во некоја книжарница со пријатни луге,начитани...али кога ќе влезам во книжарница со нерасположени,незадоволни,нервозни луге уффф !(недај боже да влезете во таква адмосвера)! хх .. Не ми се допаѓа кај мене што сум МНОГУ неодлучна и затоа со саати дремам таму,веќе ме научија продавачките:sram хихи
 

Lillian

Истакнат Член
7 април 2013
198
263
163
И задоволство и кошмар,зависи до многу аспекти ... Уживам кога ќе влезам во некоја книжарница со пријатни луге,начитани...али кога ќе влезам во книжарница со нерасположени,незадоволни,нервозни луге уффф !(недај боже да влезете во таква адмосвера)! хх .. Не ми се допаѓа кај мене што сум МНОГУ неодлучна и затоа со саати дремам таму,веќе ме научија продавачките:sram хихи
Како познаваш во која книжарница има начитани луѓе,а каде се тие неначитаните?И треба да купиш книга кога влегуваш
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp and Smiley_1996

Smiley_1996

Истакнат Член
14 февруари 2012
345
802
393
Кумановоoo !
Како познаваш во која книжарница има начитани луѓе,а каде се тие неначитаните?И треба да купиш книга кога влегуваш

Па кога идам да купувам книга идам во пуно книжарници (некаде има книга што ја барам некаде не ... ) ... Тие начитани и пријатни луге секогаш се приметат уште од влегување,со насмевка и одма дотрчаат да ми порачат книги...Тие не начитаните и непријатни луге обично ништо незнаат за никој книга што ги прашам ,секогаш ме пречетаа со страшен поглед,нервозни се дерат на телефон ,цепаат листови ,Ужас! ...
Поздрав :) :*