Многу скапо задоволство. Повеќе имплицирам кон библиотеките поради реткоста на квалитет која е обратно пропорционална со цената на купената книга.
Денес кога влегуваш во некоја од големиве издавачки куќи (Култура, Матица) многу ретко кога наидуваш на добро обработена и преведена книга. Некои се дури и неосвновано скапи за својата содржина, повеќе се издаваат книги од лесен ков или оние кои ќе те прошетаат но по одредено време и ќе заборавиш на нив. Англиските новоиздадени се неосновано скапи, освен класиците, кои за релативно поевтина цена може да се најдат и на македонски или евентуално српски превод по антикварниците низ градов.
За другиве издавачки куќи (Или-или, Табернакул, Магор) треба да начекаш некој самостоен саем, тогаш можно е да имаш и добар улов. Но од друга страна, зошто да чекам, кога ја има таа книга и по библиотеките. Се разбира ако сака човек да поседува примерок од некоја која буквално му има фрлено светла нишка во животот, за да понекогаш повторно ја прочита одново без некакви си обврски кон библиотеката.