Купување книга, задоволство или кошмар?

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Да, да не речам неспоредиво е да се кажува за Ѓурѓа и која и да е друга издавачка куќа. Ако некој што е приврзан некако со истата, нека превземе нешто за доведување на квалитет. Ај што е преводот крш, тоа е најчестиот проблем (кај нас ова е слабоплатена професија). Но што се осакатуваат дела, се кратат делови... по цена сепак непристапна... не, благодарам. Имам земено 2 -3 книги оттаму, имам лошо искуство со читање на истите. Да речеме една книга во ѓурѓа е 400 денари и сеа као демек нони фини ја смалуваат на 250 - 150 но искрено таа не вреди ни 50.
Што се однесува со другите имаат порпусти. Да речеме Матица изобилува со неквалитетен превод, но тоа е повеќе политика на самата куќа. Она е повеќе свртена кон популарните наслови, а помалку кон класиците (јес да имаат и тоа чат-пат). Три се скромни по квалитет на книга, но имаат подобар превод. Табернакул се повеќе ориентирани на историски, новинарски, патеписи... И преводот е драстично се подобри во преводот од другиве. Или-или изобилуваат со „хипстерска“ литература. Но преводот им е врв. За Икона одлично е што може да се најдат оригинални класици за релативно мала сума пари. Исто и англискиот центар. Магот и АЕА имаа своевремено добри наслови, сеа некако се изгубија во морето.

За мене претставува огромно задоволство поготово кога таа книга што ја купувам е наменета за подарок на некоја личност која ми е блиска и ја познавам многу добро.
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Многу сакам книги..обожавам да купувам....
но последно време заради обврските на работа и слично немам многу време да читам..а и овој интернетот не те остава....Последните три што ги купив не ги дочитав скрос и баш ми е мака....а веќе ми ги собраа кој стигна да читал....
Едната беше од Ог Мандино, другата беше Најголемите светски мистерии и третата Love eat pray...(и само со мистериите ја прочитав)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Па секогаш ми е задоволство.Знам да се заборавам и со саати да шетам по книжарници.Имам купувано книги од Ѓурѓа ама гледам да ги одбегнувам. Ама највеќе сакам да купувам сама книги,така на раат можам да си видам се. Само сега ми ја затвворија омилената книжарница, имаше многу убави книги и солиден превод.:(
 

Лејди М

Нов член
20 април 2012
16
15
3
39
Скопје
Купувањето книги секогаш ми е задоволство, а од Ѓурѓа не купувам баш поради причините кои ги набројавте. Знам дека сите книги им се скратени, имам прашано дури и зошто е тоа така и одговорот што го добив беше нешто во стилот: Колку пари, толку музика. Не ми треба третина книга за 150 денари, фала. Матица вадат фини наслови, но преводите исто така им се лоши и дел од книгите се кратени (не по третина, но фалат цели параграфи во раскажувањето). Според мене, најдобри преводи имаат ТРИ и Сакам Книги, иако во групава порано ги вбројував и Култура, во последно време преводите им се бедни.
 

Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
Ѓурѓа не би ги обвинила само за кастрирање, кратење осквернување на книгите туку и за потценување на македонската читателска публика, нудејки ефтини а неквалитетни книги на народот му презентираат многу лош дел од литературата, а што ќе и понудиш на публиката таа за тоа и знае ако подобро не видела. Сите добро знаат колку им се лоши и смешни преводите, квалитетот нула би рекла за ич пари па и тие 100-150 денари им се многу. Срам се за македонското издаваштво, како што и се поголем број издавачки куќи им се придружуваат и прават пари на “финти“ .. секој добар Читател знае што е добро што не, само не се најде некој доволно паметен да ги обвини јавно или да се распраша како може се тоа да се среди, наместо како нас да се жалиме по форуми меѓусебно :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не знам како може после толку негативни критики, понижувања, дури и отерувања кај 3цата јавачи на апокачипсата, Ѓурѓа упорно си ја тера истата политика? Мислам не ли гледаат дека не иде? дека имаат негативна репутација? Зошто не се подобрат?
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Не знам како може после толку негативни критики, понижувања, дури и отерувања кај 3цата јавачи на апокачипсата, Ѓурѓа упорно си ја тера истата политика? Мислам не ли гледаат дека не иде? дека имаат негативна репутација? Зошто не се подобрат?

Па има многу луѓе што купуваат од кај нив. Најверојатно на Ѓурѓа битен им е само квантитетот што повеќе книги да издадат и повеќе приходи да остварат. А тоа што ги уништуваат книгите најмалку битно. Слично вакво нешто сум се сретнала со книгите на Топер. Меѓутоа муабетов е за друга тема. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Задоволство. Купувам книга и едвај чекам да си одам дома да ја отворам и да почнам со "предчитачкиот ритуал". Прво почнувам да ја душкам како гладно куче. Ако го почувствувам мирисот значи расположена сум за читање and let the show begin. Во спротивно ја гледам книгата и не можам да престанам да му се восхитувам на нејзиното величество (смајли што клекнува на колена). Читањето понекогаш може и да почека. :sreken
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Задоволство. Купувам книга и едвај чекам да си одам дома да ја отворам и да почнам со "предчитачкиот ритуал". Прво почнувам да ја душкам како гладно куче. Ако го почувствувам мирисот значи расположена сум за читање and let the show begin. Во спротивно ја гледам книгата и не можам да престанам да му се восхитувам на нејзиното величество (смајли што клекнува на колена). Читањето понекогаш може и да почека. :sreken
Леле и јас сум таква. :D Кога ќе ја купам книгата не можам да и се изнагледам,само ја прелистувам и не секогаш почнувам одма да ја читам. Па на нет ќе побарам да видам што пишува. Ја влечкам со мене и кога јадам :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: UnFleur

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Не ги читав другите коментари ама воведот и тоа како јасно го впив.
Епа братче. Ѓурѓа веќе оддамна си игра играчки со нас.
Пред неколку години решив да го читам Фидрих Ниче и знаејќи дека во Ѓурѓа има често филозофски и митолошки тематики директно се упатив на нивна врата.
Ги добив сите негови преведени дела, од Антихрист до Ессе Хомо, за некаде 1200 денари, и не добив ниту една целосна верзија.
Изреволтиран од настанот пред минатата година кога бев во Црна Гора на одмор, ги купив исто неговите дела платив точно 50 евра, ама... Наместо 110 страници од Ессе Хомо, прочитав 230, и сфатив што сакал да каже Ниче, заразлика од првиот пат.
Од ова мое искуство со Ѓурѓа, јас веќе немам купено ништо од таму. А многу често купував митолошки прикаски, оти ги даваат за без пари - до 100 денари најмногу.