Купување книга, задоволство или кошмар?

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Од секогаш ми било задоволство да купам книга....издржано преведена , лекторирана , книга на која не и е одземен духот, книга која би била достојна замена за старите излитени корици што потекнуваат од минатиот век. Но за жал, се поретко среќавам копија на оргиналот како што се вели. За издавачките куќи очигледно дека повеќе не е предизвик да бидат почитувани туку профитабилни. Секоја чест на исклучоците ако ги има. Затоа веќе подолги години сум на мисија за спасување на старите книги. Веќе имаме спасено па можеби 1000 книги во нашата домашна библиотека , мојата и на мојот партнер. Кај нас дома удобно одмараат големите дела на руските мајстори со издржани содржини, огромни , тешки и со еден познат мирис на некое непознато време. И делата на Остин и делата на Иго, Толстој, Набоков, филозофските хрестоматии, Хемингвеј, Бодлер, Ками, Кафка, Хесе...Шекспир....Бронте....пиа можам да се пофалам оти за мене е за фалење и најголемо богатство што го поседувам. Баш пред некој ден успеав да спасам 5 книги , толку ми дозволија да земам, од една многу стара куќа на еден доктор од Скопје, кој што после земјотресот во 1963 ја напушта Македонија и остава една цела соба со научна литература и белетристика. Иако прилично уништени од влагата, скоро сите на српско- хрватски или англиски..сепак еве ги моментално до мене исчистени и преубави. Се надевам дека еден ден ќе наидам на литературно дело преведено на Македонски ...и ќе ми би направи чест да го имам за себе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Redhead

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Се работи за мал пазар, скромен јазик и сомнителни издавачки куќи. Добар превод чини пари а публика и нема којзнае колку.
Нешто подобро било во минатата држава кога Македонска книга и остали без профитен мотив можеле на раат да преведуваат па сеуште се наоѓа по некој добар превод, кај продавачите на стари книги. Дури мислам дека и од Б.Травен имаат преведувано две три дела.
Еднаш минувајќи пред ГТЦ во Скопје ја забележав Гроф Монте Кристо од Дима, сите три тома, издание на српско-хрватски од педесетите, како се продаваат оставени на кутија за кондури. Беа во релативно добра состојба, без траги од влага или изгорено. Бизарниот одговор дека трите дела се продаваат за 200 денари ме натера да ја купам. По трет пат :D (ок, првиот пат ја украдов од библиотека но што е тука е...)

Иако избегнувам македонски преводи, тотално бизарно ми е ова што го пишувате дека издавачиве кратат по пола книга. Дно. Разбирам профит и све, ама кратење на оригинална содржина забегува накај патологија. Meh...и онака ништо не функционира како што треба.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Никогаш не ми е кошмар пошто ја читам кратката содржина и/или однапред го знам стилот на авторот, па купувам нешто што знам дека ќе ми се допадне (или барем нема да ми е досадно), ама ако е книгата на англиски, подобро ми е на англиски да си ја најдам и прочитам. Навистина има некои фрази што едноставно не може да се преведат убаво и да звучат ко што треба, а тука баш највеќе се препознава стилот на пишување, па се губи шармот на книгата.
Е сега, имам некои преводи од руски, унгарски и чешки од Бегемот и истите се одлични. Секогаш на саем си купувам по нешто ново од нив (ова мислам секаде ги фалам ко да ме плаќаат).
Кошмарот е Ѓурѓа. Онојпат во Тинекс здогледав по некое нивно книже... жално, жално. Години и години критики, а тие немаат мрднато. Војна и мир на стотина странички. Како??