1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Крштевање на деца

Дискусија во форумот 'Религија' започната од misterija, 30 јануари 2016.

  1. Idiot

    Idiot Староседелец

    Зачленет на:
    5 март 2013
    Мислења:
    317
    Допаѓања:
    231
    Твое мислење со кое не сум обрвзан да се сложам.
    Пинг, @Abraxas
     
    На misti.diva orhideja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. misti.diva orhideja

    misti.diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    10 јануари 2017
    Мислења:
    262
    Допаѓања:
    195
    Не барам да се сложиш со мене оти ни јас незнам, никогаш не сум размислувала, уствари и немам појма.
     
  3. Idiot

    Idiot Староседелец

    Зачленет на:
    5 март 2013
    Мислења:
    317
    Допаѓања:
    231
    Па што скокаш ако немаш појма?
     
  4. misti.diva orhideja

    misti.diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    10 јануари 2017
    Мислења:
    262
    Допаѓања:
    195
    Пуста навика:svirka
     
  5. Idiot

    Idiot Староседелец

    Зачленет на:
    5 март 2013
    Мислења:
    317
    Допаѓања:
    231
    Не ќе да е навика. Инает ќе да е.
     
  6. misti.diva orhideja

    misti.diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    10 јануари 2017
    Мислења:
    262
    Допаѓања:
    195
    Немој да грешиш душа, не се инаетам, само сакам моабет да си правам и ајде батали оти ќе ми дадат пак казнен поен.
     
  7. Idiot

    Idiot Староседелец

    Зачленет на:
    5 март 2013
    Мислења:
    317
    Допаѓања:
    231
    Немам пред кого да грешам душа, освен пред себе си. А муабет ова твоево ич не е. Се гледа тоа. И две вреќи сол ако треба ќе изедеш.
    А зошто да добиеш казнени? Та нели сте вие христијаните, полни со љубов и разбирање? Не мразите и не навредувате никого?
     
  8. Abraxas

    Abraxas Староседелец

    Зачленет на:
    10 јануари 2013
    Мислења:
    1,079
    Допаѓања:
    788
    Не е преувеличување! Тој притисок е реален, на своја кожа го чуствувам! Не ни прашуваат дали сакаме ќерка ми да ја крстиме, туку за крштевката зборат како нешто кое е веќе договорено! Зошто? Затоа што некој прифатил да биде овца за стрижење и создал традиција од тоа. И сега ако некој ја одбие истата, треба да биде ,,чудак" во очите на роднините.
    Тие работи треба секој сам да одлучи за себе дали ќе ги примени или не! А не да одлучува во име на бебиња или деца!
     
  9. misti.diva orhideja

    misti.diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    10 јануари 2017
    Мислења:
    262
    Допаѓања:
    195
    Е баш ме зачуди, зарем ти да осетиш нечиј притисок, зарем тебе те погодува нечие мислење..на човек кој си живее нели по лична слободна воља паѓа на туѓи забелешки!?
    Каде живееш бе Хепта, какви ти се тие роднини од среден век, заостанати ли се ули умоболни!?
    јас имам многу пријатели што не си ги крстиле децата, ниту не интересира и ниту ни е тема за моабет, ниту ни смета за дружење..ама баш на никој не му е гајле дали ти ќе го крштеваш или не детето, секој си има право како сака да работи а тоа во овој случај е само право на родителот и тука нема веќе што да разговараме.
     
  10. Хептаграм XI

    Хептаграм XI Староседелец

    Зачленет на:
    26 мај 2013
    Мислења:
    1,723
    Допаѓања:
    881
    Не знаеш ниту кому реплицираш, а се трудиш сарказам да покажеш. :)
    Ти го поматив умот со оние долги есеи тука за тоа дека е лошо да се воведуваат деца во религии.

    @Abraxas го цитирашe, не Хепта ;)
     
    На Abraxas и misti.diva orhideja им се допаѓа ова.

Сподели: