Гледам од изјавиве дека навистина не си запознаена со учењето на православната црква, а ако си христијанка - би требало подобро да се запознаеш со истата, за да не зборуваш вака.
Ако поминеш до еден од храмовите на МПЦ-ОА и ги запрашаш ова: дали може да ме избришете од книгата каде што пишува дека сум крстена, а со тоа и дека сум дел од вашата црква и организација - тие ќе ви одговорат вака (ако претходно не ве избркаат како куче од храмот):
Не, не може.
Крштевањето е една од тајните на Црквата и не може тоа да се избрише! Хартијата може да ја искинете, но чинот не може!
Јасно? Чинот е вечност! Бидејќи така учи православната црква.
Ако си доволно мудра би запрашала уште нешто, потешко за попот: но дали е валиден чинот ако јас, како дете не сум била свесна и без моја дозвола и разбирање сум учествувала во еден таков чин?
Кој знае што ќе ти одговорат. Може да го споделиш одговорот!
Тука лежи проблемот. Не е крштевањето „давање име“ на детето... крштевањето во МПЦ значи доброволно пристапување кон таа организација, прифаќање на тие закони, тие правила тој начин на живот(иако не познавам веќе христијани според книгата) - кое што детето не ни разбира што му се случува.
За вас крштевањето е што - момент кој што се брише, може да исчезне?
Со промена на името во полиција?
Можеби може да се избрише со друг вид на иницијација, но тоа е друг муабет.
Многу малку си ја разбирате религијата ако сте христијани... и се надевам дека се повеќе вакви ќе има, што не знаат ништо за христијанството и нивните свети тајни! Освен адети и традиции...