Во Крушево имам отидено 2 пати. Еднаш на екскурзија од средно,само на поминување до гробот на Тоше, и сега пред месец ипол.
За впечатокот што ми го остави ова мало градче немам што да кажам,освен дека иако е мало,зрачи со убавина,со позитивност и со љубезност.
Жителите се многу гостопримливи,и кого сакате прашајте на улица ако не знаете каде се наоѓа некоја вила,локал,споменик, на многу убав начин со насмевка на лицето ќе ве упатат како да стигнете до таму,и ќе ви посакаат убав престој во градот.Нема да ви свртат глава и да се направат дека не ве гледаат.Барем со мене не беше така.
Дури имаше случка каде што во бачилото сами си правевме нескафе
![Се смее :D :D](/images/emoji/laugh_animated.png)
По продавниците,рестораните цените се нормални,дури и пониски од што очекувавме.
Единствено не ми се допаѓаше скарата што ја јадевме. Они си ја прават на нивни начин,а ние навикнати на друг и така.
Но затоа Крушевскиот локум мммм....се топи во уста
Погледот којшто го имавме од балконот е нешто непроценливо...еден куп мали куќички,сите слични однадвор,со снегче по покривите...милина
![Среќен (happy) (happy)](/images/emoji/happy_animated.png)
А да, имам една забелешка,буквиве кој ги извадил да ги врати,ми пропадна фотографијата со поздрав
Отвори ја прикачената датотека 15714