Кој е вашиот тип на дечко/девојка?

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Мало навраќање на вечнта фраза :не мора за знае да поправа по дома, не мора за знае да смени гума.... (случај со голем дел од денешниве мажи)
И глеј што се случува...
Со либето и друштво од погорниот опис сте заминати некаде, по пат се кини гума... запирате, 5 мина се вртите абер немате што како треба. немате резервна, немате дизалица, пробувате да ја помпате, упорно и упорно се обидувате - гумата не јавува знаци на живот (додатни околности можат да бидат мрак, врнење, студ, ветар, доцнење, неработен ден и сл.)
Ја губите секоја надеж, чупињата се раздразнуваат, машките пцујат, се нервираат и упорно пробуваат да ја поднапомпаат гумата за до прв вулканизер иако е поприлично оддалечен... нема кој да помогни, колите поминуваат без око да му трепни... напната ситуација
И тогаш запира тој (некој, самоиницијативно)... ПРИНЦОТ ВО БЕЛ ГОЛФ! Непознат лик, слегува... Шо прајте.... како прајте... мхм...
фрла еден опул и вика, од гумава не бива ништо, парче ти фали од задната страна, џабе помпаш... (следи она кога чувствуваш сечење во стомакот проследено со мисла : ќе си умриме овде, а?)
Вика - Уживајте ај, без гајле, ќе средиме одма... ;):) Немој да се секираш, стално се случува...
Ѕвони по телефон на 2-3 места, веднаш најдува цело тркало што одговара на вашата кола, заминува , го носи... нашол дизалица, клуч, тркало, па дури и спреј за корозирани штрафови...
го сменува тркалото (не ме кошта ништо јас да го сменам, одморете вие малце;):cool:), ве испраќа до прв вулканизер и на му вика на твоето изнервирано либе : -Немој да си го расипуваш денот и себе и на другите за една гума дупната, една битка не ја губи војната;) Пали колата и бичи ко ништо да не било, па ... да се видиме за арно наредно...


Дали во присуство на таков маж нема да ги крениш критериумите, м? Нема да посакаш бар за миг твоето либе да биди таков „ херој “ пред светот? (wasntme)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Armagoddamn

Староседелец
28 октомври 2015
162
33
1,028
да биде оптимист, да не лаже, да ми верува, да има образование, култура, респект, да има висок коефициент на интелигенција, да не кажува без да докаже, да има став, да има свое јас, да биде маж а не шаблонски кажано вид на маж, да има цел во животот, однос, квалитети, сопствен став, свое јас, изгледот не ми е важен, убавината исчезнува, ама душата останува
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

rikica01

Истакнат Член
19 ноември 2015
58
20
118
29
da znae da me ceni kako covek da ne laze da kaze se sto i tezi na dusa i da e ljubomorna na sekoj moj cekor da ima dobra dusa da saka bidi so mene vo sekoja sekunda i da se razbudi vo 3 saat sabajle da se javi pa makar i da mi reci samo edno te sakam
 

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
Од физички аспект, немам точна дефиниција, сите досега биле тотално различни еден од друг, и физичкиот изглед ми е секогаш во сенка на карактерот.
Карактерот е тоа што може да ме привлече и задржи.
А карактерно каков треба да е, ќе биде прекомплицирано да го опишам, затоа што воедно е преедноставно, но комплицирано да се сфати :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BadBoy007

Alaysa

Полноправен Член
17 декември 2015
68
15
18
Да според мене карактерот е на прво место, дури имам и другарки кои викаа дека дечкото треба да е пред се убав а еве нормално откако ќе искусиш, си дојде на моето.. баш имаше еден пример демек ти пријде вистински убавец и ти рече "Пиче може да се запознаеме" одма 80% off од таа убавина :') па така е :rofl второ сакам храброст кај дечковците, ауу се топам особено кога еден ќе се спротистави на 100 без оглед на незнам што, убавината не ми е пресудна, имам запознаено да речам "грди" дечковци, и да ми се привлечни со само шарм и добар речник, ахх и на второ место ќе ставам и педантност, ништо појако од таков дечкоо.:frantic
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy


Шега на страна, се сложувам со мислењево во целост. Некоја која работи политички ради љубов кон партии ми е голем turn off. Надворешно имам малку поголема слабост кон црвенокосите (нормално да им стои косата) додека плавите ми се уклапаат помалку во играта (статистички ако земеме сите врски што ги имав до сега). Но тоа не може да значи ништо. Искрено не сакам експериментаторки во својата коса да се маскираат џоа дастер - све ми боје лепо стоје. Факт е дека се експериментира со косата, но секогаш има една единствена боја која си владее во нивниот тој надворешен изглед. Зависи од девојка до девојка.
Порано не сакав штикли на девојка но сеа ми изгледаат потаман. Нормално не као оние на бугарскине турбофолк певаљки со џиџи-миџи и евтин циркон налепен на врвот, туку IKEA дизајн на едноставност. Да ја прави да шета атрактивно а не као на штаки.
Девојки кои се трудат околу својата лична хигиена. Се дешава девојка да не можела да се доспреми поради скратено слободно време, но ако основните хигиенски навики ги запоставува ради некои лични каприци и одење инает, major minus.
Висина статистички до сеа некако со пониските ми одело нагоре (зборам за квантитет) додека квалитативно е нерешено. Значи не игра улога висината.
Стил на облекување... Шо знам. Реков погоре за штикли, тука ќе кажам (и нема да лажам) дека девојка во фустан што убаво и` прилега може да иницира желба за подобро запознавање. Тоа не значи ако е дебела треба да носи миниќ. Сум видел девојки со здепаста фигура (мало набиено со газе развиено) кои очајно лошо се облекуваат, па тек по неколку проби за разврзување на муабет самите се докажаа дека всушност се работи за одлична личност со катастрофално лош вкус за облека. Значи облеката не игра клучна улога, но може многу работи да скрати.
За накит и стил... Немам некои предрасуди, но пирс на јазик не ми е по ќеф. Другото си е во склоп на стил на облекување.

Е сеа идеме на потешкиот дел - личност.
Како што погоре спомнав личности кои животна цел им е да дудлаат на политичари (зборам само ради лични интереси), ми е голем минус. Тука би ги ставил и преголемите флегми. Флегма во стилот како едната страна (јас) потегнувам цела иницијатива а додека другата страна (таа) прифаќа и нема никакви примедби околу тоа. Сакам девојката кога се поставува самата како предизвик. Кога пробува малку да ми ја раздрма сивата маса во черепот, но која исто ќе знае кога е сериозно нештото а кога не е. Исто и јас се поставувам најчесто. Може и да има несогласности на ваквиот карактер (она мислела сериозно јас не, и обратно). Но секогаш да се има разбирање и начин за да се реши тоа на разговор. Не ми се многу омилени премолчувањата особено ако се работи за сериозен муабет. За жал секогаш таквиот многу ретко се постигнува nowadays.
Статистички земено повеќе врските ми се базирале на девојки кои биле од лингвистичката и психолошката бранша, но тоа не мора да значи дека е така. Сепак детрминираноста си има цена. Повеќе би упалило за девојка која знае што сака, отколку девојка која е изгубена тотално во времето и просторот. Вредност ценам повеќе од мрзеливост. Барем за сериозни одлуки и работи.
Нешто што многу ценам е да не се срами од тоа што го работи. Истотака да не се става над оние што работат едноставни работи. Тука има огромен плус. Преголемата претенциозност кон некои неостварливи цели може да помогнат но најчесто нереалното согледување на работите не ми се допаѓа. Сонувачите ми се симпатични, особено оние кои знаат таа своја дарба да си ја искористат паметно, но оние сонувачи кои се стремат својата дарба да ја преточат исклучиво како што им диригира публиката, целосно им пропаѓа во вода трудот. Уметник каде уметноста самиот тој ќе си ја цени. Од логичарки не ми се допаѓа онаквите кои се` вреднуваат преку призмата на кантарот. За се` ставаат прибелешки, преголема ситничавост. Но ова не има голем удел. Имаше една врска каде таа беше тежок ситничар, но поради тоа што често ја доведував до лудило, и ми беше симпатична кога беше лута. Се` зависи од начинот на лутење.
Едно што не можам да поднесам е контролирање покрај целосната моја посветеност и внесување во врската. Значи од константните прашања - „а каде беше, а со кого беше, а вака, а така, а зошто не ваму, а зошто таму“, ме доведува до моментот кога ставам катанец на врската. Треба да се почитува еден мал дел на лична приватност, иако можеби животот ќе не` внесе во заедништво. Башка отворен сум и скоро секогаш ги кажувам релациите каде се движам.
Да обожава животни ми е плус.
Да знае да готви ми е плус. (ќе готвиме заедно де :zelen)
Да сака да патува ми е плус.
Да сака да плива на долги стази ми е плус.
2 години подоцна, се` уште ги користам научните методи на емпиризмот за да докажам нешто што нема никаква врска со науката. Silly me.... Затоа останувам со толку скромно искуство :(