За спортови со топка ич не ме бива, за боречки уште помалку, додуша и немам пробано, ама не сум оптимист за моите вештини, за пливање-знам да пливам, ама некако слабо стојам со кондиција, па излегува дека мој спорт е шахот, иако ни таму не сум брилијантна.

Некогаш, ако ми е ептен досадно си правам некои вежби што најчесто сама си ги измислувам. Исто така пешачам прилично (не знам колку е ова спорт, ама морам да го спомнам оти ќе излезе дека сум многу мрзлива

)
Ама затоа, интересно ми е да гледам друг како спортува. Единствен спорт што не можам да го догледам до крај е фудбал. 2, 3 гола се премалку да го задржат моето внимание 90 минути.
