Кој/а сум јас? (Самоанализа)

sweetgirl

Истакнат Член
11 март 2012
148
125
343
Скопје
Премногу чувствителна особа која тешко се вклопува во денешниот суров свет,која како Калимеро си ја бара правдата,но слабо ја наоѓа.Упорна во нештата што ги сака,но кога ќе прекипи знае оддеднаш да пресече без размислување за последиците.Верувам во чуда,но не и во љубовта.
Помагам на луѓето кои ги сакам и почитувам и не барам Нобелова награда за тоа,ниту возврат.
Ама јако злопамтило сум.Ако ми го дирнеш срцето ќе вратам може не одма но сигурно подоцна.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не се согласувам со тебе.
Прашањето " Кој сум јас" си го поставува секој нормален човек во текот на својот живот.
Најчесто во периодот измеѓу 25-35 година, тоа е време на некој внатрешен развој кај секој од нас.
Во тоа време кај повеќето доаѓа до онаа позната Midlifecrisis, и таа настанува со тоа прашање.
Се додека не се најде индивидуалниот одговор на тоа прашање,нема да постои понатамошен развој на личноста.
Не би било нормално некој да не се праша
"Кој сум јас".
Тоа значи дека воопшто и не се развива понатака.. дека му е сеедно кој е тој.
Не, конотацијата на моето мислење е да не се прикажувам толку директно во јавност. Првичната замисла на темата е - да си го изрекламирам своето его во неколку пишани реда.
Тоа што ти го пиша е сосема друг контекст со кој јас во потполно се сложувам.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
кој сум јас кој сум јас
јас сум интелект , покажи респект, влагам во полн ефект....:rofl

шала на смеа, Јас сум таков и таков сум бил
или....јас сум ти ..пријател !!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle and Just Perfect

Female

Староседелец
18 јануари 2013
125
183
1,043
In your thoughts!
Јас сум ЈАС. Од себе не можеш да побегнеш.(shake)
Па ќе се трудиш твоето ЈАС да го надоградуваш за да бидеш задоволен од тоа што СИ.
;)
 

Badass

Истакнат Член
16 февруари 2012
63
87
333
26
Јас сум збунет тинејџер кој очајно се вклопува да се пронајде себеси.
Често експериментирам во околината и љубопитноста секогаш е тоа што ме носи во пропаст и тоа го мразам кај себе. Но реков дека се барам себеси.
Со длабоко всадени морални вредности и цврсти размислувања кои не ги менувам и ќе аргументирам за нив дури и да не сум во право.
Понекогаш претерано ме убива параноја и не верувам на никого. Поради тоа што многу пати тоа ме има уништено.
Не простувам лесно и никогаш не заборавам. Ако ми стоиш на патот,ќе сторам се во мојата моќ да зажалиш за тоа. Не ја чекам кармата и многу сум одмаздољубив.

Јас сум дете.
Изгубено дете кое беше газено и психички растроено и тоа му помогна денес да стане борец.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
alf
цитирам:
"Тоа што го цениме и од тоа што се плашиме е во нас
Се плашиме бидејќи имаме "јас"
Кога ќе го напуштиме "јас", повеќе нема страв."


Како би изгледал животот без своето "јас"?
Кои би биле без сопственото јас ?
Би живееле или би постоеле само?



Вчера читав на таа тема нешто многу интересно напишано од еден психолог те одговорот на прашањето "кој сум јас"? и правецот во кој води тоа прашање како и одговорот на истото.
Но,за тоа можеби подоцна.

Пс.Префрлив овде за да не одиме оф-топик
во Таоизам.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
alf
цитирам:
"Тоа што го цениме и од тоа што се плашиме е во нас
Се плашиме бидејќи имаме "јас"
Кога ќе го напуштиме "јас", повеќе нема страв."


Како би изгледал животот без своето "јас"?
Кои би биле без сопственото јас ?
Би живееле или би постоеле само?



Вчера читав на таа тема нешто многу интересно напишано од еден психолог и со тоа одговорот на прашањето "кој сум јас"? и правецот во кој води тоа прашање.
Но за тоа можеби подоцна.

Пс.Префрлив овде за да не одиме оф-топик
во Таоизам.
Со разголено тело предадено на својот сакан,повеќе не си едно тело и нема страв,кратки моменти од човековиот живот кој со зборови и да сакаш неможе да се искажат,можат само да се почуствуваат.
Така е и без "јас" кога душата е разголена,ослободена од секое парталче на овој свет предавајќи се во прегратката на смртта.
За разлика од она телесно доживување кое е кратко,ова останува постојано вртејќи се во еден круг.

п.с.Да се разголи душата е исто што и да се живее без "јас".
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Јас сум едно суштество на планетата Земја кое сеуште верува во љубов , во секакви видови љубов и се што прави , прави со многу љубов.
Никој и ништо сум, сакам секојдневно да го намалам егото и да не велам јас, па јас итн.
Се трудам барем една добрина да направам во денот, па макар да ги наранам птиците со трошки. Се е тоа поради себе. Многу љубам вистина, се радувам на животот иако честопати ми е многу тешко да го направам тоа, и многу , многу се трудам за се околу мене. Жалам само што сум престрога кон себе си, и не си простувам. За луѓето сум можеби подарок , а за себе ноќна мора.
Детето во мене ме тера да се насмевнувам и да пишувам овде и сега.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky, Mameha and Y1K991

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Јас сум...Еден тежок идиот. Не ми пречи.
Чудна сум, па и луда сум.
Не можам да кажам дали сум добра личност, бидејќи се е релативно. Не постои добар и лош.
Дискиминации до видот „женско не се тепа“ исто така мразам.
Не ми пречи фактот дека луѓето не ме разбираат.