Јас сум најголемиот ситничар, критичар и аналитичар што го познавам. Секоја ситница кај некого ја забележувам (не зборам за визуелни ситници, туку нешто што кажал, направил и сл.) за подоцна детално да анализирам. Обожавам да анализирам луѓе, обожавам физика, математика, анатомија, особено сакам да читам за хормони и нивни дејства...
Обично повеќето од луѓето со кои се дружам (а не се многу, стварно се на прсти да ги изброиш) имаат чуден вкус за музика, облекување, чудни сфаќања, обично поразлични од мнозинството и затоа ми се интересни и ги дружам. Сакам мрачни, морбидни, несекојдневни работи. Сакам музика која е тешка за сфаќање каде преовладуваат меланхолични мелодии, тешки сложени хармонии, прогресивни правци, експериментални бендови.
Сакам да гледам како некои луѓе се нервираат и се обидуваат да ми докажат нешто за кое не се во право, сакам да плескам во фаца и да ги гледам тие изливи на нервоза, гнев и омраза, неприфаќање на она што некој е навистина. Чуден човек сум јас. Уште почудно е детето во мене и неговата фантазија.