Кој/а сум јас? (Самоанализа)

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Кој/а сум јас? - ова прашање вистински си го поставува личноста која или заболува од алцхајмерова болест, или дементно се однесува после толку пати присилното променување на карактерот. Остатокот (масата) се само его трипови.
Не е криминал да се прават од време на време. Додека не се преиде до опсесија - се постанува посесивен. Но искрено подобро е да се чуваат во себе и да се поставуваат на самиот себе. Самоанализата е за самиот себе, не за во јавност.

Далеку од самоанализа е темата, може добро ја поставило девојчето за да си каже секој за себе по некој збор, колку години има, што работи ова она, само финтата е што никој нема дирекно да одговори и сите ќе вртат одоколу. Мислам дека твојот стил на изразување е ок, ама не треба да се закочи темата уште на старт со високоинтелегентни мисли кој нема потреба да бидат овде . Не е во ред, ако нема некој што да каже нека си молчи..поарно е:)
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно

Се согласувам со последнава реченица.
Кога самите би се опишувале,дали со тоа другите ке не спознаат баш такви какви што сме или ке знаат само што ние мислиме за самите себеси?
А за општите работи која сум и каква сум може да добиете по правилна слика од темите по форумот,а можеби и не.
Тоа можеби е само моменталното мое расположение,но сепак и тие моменти се дел од мене,значи таа сум јас.

Далеку од самоанализа е темата, може добро ја поставило девојчето за да си каже секој за себе по некој збор, колку години има, што работи ова она, само финтата е што никој нема дирекно да одговори и сите ќе вртат одоколу. Мислам дека твојот стил на изразување е ок, ама не треба да се закочи темата уште на старт со високоинтелегентни мисли кој нема потреба да бидат овде . Не е во ред, ако нема некој што да каже нека си молчи..поарно е:)
Јас пак се согласувам со Саладин донекаде,малку погоре цитирав во кој дел а и во делот со егото.
Сепак темата е во психологија,а во тоа не спага само асл плс.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Saladin

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Јас пак се согласувам со Саладин донекаде,малку погоре цитирав во кој дел а и во делот со егото.
Сепак темата е во психологија,а во тоа не спага само асл плс.

и сега што понатаму да се прави овде, ај кажете ти и саладин:)
како да пишуваме во неа:rolleyes:
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
и сега што понатаму да се прави овде, ај кажете ти и саладин:)
како да пишуваме во неа:rolleyes:
ААааа не.
Ние не дадовме упатства.
Само си го кажавме своето мислење околу темава.
Тоа не значи дека сме во право.
Секој ке си напише тоа што си сака,мене баш ме интересира кој што ке напише и ми се допага темата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty and Lady*

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Далеку од самоанализа е темата, може добро ја поставило девојчето за да си каже секој за себе по некој збор, колку години има, што работи ова она, само финтата е што никој нема дирекно да одговори и сите ќе вртат одоколу. Мислам дека твојот стил на изразување е ок, ама не треба да се закочи темата уште на старт со високоинтелегентни мисли кој нема потреба да бидат овде . Не е во ред, ако нема некој што да каже нека си молчи..поарно е:)
Темава е поставена во ПСихологија и како таква изглеа погрешно ја сфатив. Но поентата е - таа. Изнесувањето на својот приватен живот во јавност е еден вид на его трип. И, да. Не реков дека тоа е негативно. Таман работа. Само кажувам самоанализата некогаш може да донесе негативни последици - откако ќе пресуши матерјалот за прикажување во јавност. Тогаш постанува она другото - или се измислува имагинарна слика за да се зачини приказната, или се напаѓаат другите индивидуи со пат на омаловажување. Затоа препорачувам рецимо личното да се чува и да се распредели во повеќе партиции за да се има матерјал а и да се изненадува. Мистериозноста истотака е честопати привлечна.
Да се разбереме, нималку неам против овакви теми, само предупредувам дека во често пишување во нив (во врска со себе) доведува во два вида на ризици. Едниот е надворешен кој самиот член може да го согледа - тоа е кога некој друг ќе го прочита ова и ќе почне да го злоупотребува. И вториот е оној внатрешниот кој членот многу ретко го забележува - го занемарува со изговорот -сеа ми е топ, си шибам, а за после ќе си мислам. Е тоа „после“ најчесто доаѓа до последицата наречена депресија.

мислам дека има ваква тема да се преставиш :unsure
инаку ја сум ЈаМи ..МАААа ЈамИИииии :D кој има шанса ќе ме запознае ,кој нема, среќен е што не ме запознал :p
Шанса?

А јас само пишувам коа ќе се прикаже шансата во темата за собиранки. :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky, Kitty and JaMi

Snape

Истакнат Член
14 февруари 2012
285
401
63
29
Hogwarts School of Witchcraft and Wizardry
Ж суи Sagittarius, имам 16 години и сум роден во Скопје живеам во Кр.Паланка, аматерски фотограф, и вечно жеден за кафе. Оптимист сум повеќето време и искрен да бидам и по малце материјалист. Читам коа можам и играм Sims 3 секогаш коа иам време. После хмм еден од постарите членови на форумот сум ама неам много мислења затоа што ме мрзи.
Post Scriptum. Многу ми значи форумот и никогаш нема да се откажам пошто запознав една извонредна личност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

VULKAN-PEPEL

Истакнат Член
24 март 2012
160
126
343
бидејќи сум премногу добар си ја платив цената за тоа, многу работи ги тргнав на страна и почнувам од почеток
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle, Prashina and parvati

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Кој/а сум јас? - ова прашање вистински си го поставува личноста која или заболува од алцхајмерова болест, или дементно се однесува после толку пати присилното променување на карактерот. Остатокот (масата) се само его трипови.
Не е криминал да се прават од време на време. Додека не се преиде до опсесија - се постанува посесивен. Но искрено подобро е да се чуваат во себе и да се поставуваат на самиот себе. Самоанализата е за самиот себе, не за во јавност.
Не се согласувам со тебе.
Прашањето " Кој сум јас" си го поставува секој нормален човек во текот на својот живот.
Најчесто во периодот измеѓу 25-35 година, тоа е време на некој внатрешен развој кај секој од нас.
Во тоа време кај повеќето доаѓа до онаа позната Midlifecrisis, и таа настанува со тоа прашање.
Се додека не се најде индивидуалниот одговор на тоа прашање,нема да постои понатамошен развој на личноста.
Не би било нормално некој да не се праша
"Кој сум јас".
Тоа значи дека воопшто и не се развива понатака.. дека му е сеедно кој е тој.