Која програма ја користите за графички дизајн?

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
27
Куманово
Дефинитивно Photoshop cs5 extended. Најдобра за 2D креации, а во extended верзијата може и нешто 3D да се направи, но мене поубаво ми е да си правам 2D
 

Snow

Староседелец
29 април 2012
677
440
1,073
Марс
Моментално користам Photoshop CS6 Extended.
Се откачив од Cinema-та бидејки ми стана досадно..
Сега се учам да правам потписи(signature) во Photoshop.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Претежно се занимавам со character design и баш цртање, па не ми треба не знам што, освен таблетот и идеја.
Пошто сама се учам, највеќе материјали/туторијали наоѓам за Adobe Illustrator, па претежно го користам него, но за слободно цртање највеќе ми се допаѓа Autodesk SketchBook Pro (огромен плус е што е бесплатен софтвер).
Едно време, доста поодамна, симнав да учам GIMP, се збунив после неколку основни работи и баталив. :zelen
Фина алатка, ама не бев спремна за толку.

Ама Paint.NET го владеам страшно. :rofl