Ако збориме за изглед - Голден бич е убедливо најсреден комплекс и ми се допаѓа што е подалеку. Плажата и не е нешто посебно, реално. Водата е најчесто матна и повеќе сакам на базенчето внатре отколку во езеро.
Оревче е златна средина - мешавина на симпатичен изглед и убава, чиста вода. Има нешто на таа плажа што ми дава поинакво чувство, ко да си на друго место.
За убава вода и поситен песок е Пештани, иако не нуди друго ништо посебно, додека Св. Наум изгледа прекрасно, но тие огромни и лизгави камења се смрт.
Кадмо и Куба Либре (РИП) ми се супер градски плажи.