Која е смислата на животот?

Enigma

Истакнат Член
18 април 2014
3
7
303
Svetcite,gatacite i profetite od celiot svet,ja smetaat ljubovta kako cel vo zivot ili smisla na zivotot.
Edinstvenata zadaca koja ja imame vo zivotov e da naucime da sakame.Da ja pocustvuvame ljubovta vo celata nejzina esencija.Ljubovta e smislata i zakonot.
Zivejte so ljubov,disete so ljubov,pejte so ljubov,jadete so ljubov,pijte so ljubov.Molete se so ljubov,mislete so ljubov.
Kapete se vo okeanot na ljubovta,vkusete go medot na ljubovta i postanete samite ljubov.
Deka vo ljubovta e spasot na site sustestva.Ljubovta e nadez vo ovoj temen i osamen svet.
Bez ljubov sme nisto.
Bez ljubovta se gubi sekakva smisla vo zivotot.
A ljubovta e nasekade.
I ke go zavrsam postov so eden kratok citat od biblijata:
"Bez ljubov,nisto ne sum."
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Svetcite,gatacite i profetite od celiot svet,ja smetaat ljubovta kako cel vo zivot ili smisla na zivotot.
Edinstvenata zadaca koja ja imame vo zivotov e da naucime da sakame.Da ja pocustvuvame ljubovta vo celata nejzina esencija.Ljubovta e smislata i zakonot.
Zivejte so ljubov,disete so ljubov,pejte so ljubov,jadete so ljubov,pijte so ljubov.Molete se so ljubov,mislete so ljubov.
Kapete se vo okeanot na ljubovta,vkusete go medot na ljubovta i postanete samite ljubov.
Deka vo ljubovta e spasot na site sustestva.Ljubovta e nadez vo ovoj temen i osamen svet.
Bez ljubov sme nisto.
Bez ljubovta se gubi sekakva smisla vo zivotot.
A ljubovta e nasekade.
I ke go zavrsam postov so eden kratok citat od biblijata:
"Bez ljubov,nisto ne sum."
А што сме со вреќа маки на грб,како тогаш само за љубов да мислиш?
 

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Може ли животот да има смисла?
„Деновите наши траат седумдесет години, а кај силните — осумдесет, но исполнети се само со неволји и тешкотии“ (Псалм 90:10)
КОЛКУ само се вистинити овие зборови! Нашиот живот честопати е исполнет со „неволји и тешкотии“.
Исус покажал која е смислата на животот-‚Живејте онака како што живееше и тој‘ (1. Јованово 2:6)Исус имал смисла во животот. Затоа, ако сакаме и нашиот живот да има смисла, треба да го следиме неговиот пример и да ги слушаме неговите совети.Исус спомнал начела кои можат да ни помогнат да се угледаме на неговиот пример. Многу од тие начела ги кажал во својата прочуена Проповед на гората.
НАЧЕЛО: „Среќни се оние што настојуваат да ги задоволат своитедуховни потреби“ (Матеј 5:3)
КАКО ОВА НАЧЕЛО НИ ПОМАГА ДА ВОДИМЕ СМИСЛОВЕН ЖИВОТ: Исус покажал дека луѓето имаат духовни потреби. Природно сакаме да го дознаеме одговорот на прашањата како што се: Зошто постоиме? Зошто има толку многу страдања? Дали Бог се грижи за нас? Постои ли живот по смртта? За да најдеме смисла во животот, треба да го дознаеме одговорот на овие прашања. Исус знаел дека само една книга може да ни ги даде точните одговори. Тоа е Божјата Реч. Кога му се помолил на својот Татко, Исус рекол: „Твојата реч е вистина“ (Јован 17:17). Може ли Божјата Реч да ни ги задоволи духовните потреби?
НАЧЕЛО: „Среќни се милосрдните“ (Матеј 5:7)
КАКО ОВА НАЧЕЛО НИ ПОМАГА ДА ВОДИМЕ СМИСЛОВЕН ЖИВОТ: Да се биде милосрден значи да се покажува сочувство, добрина и обѕир кон другите. Исус покажувал милосрдност кон луѓето што биле во неволја. Бидејќи имал длабоко сочувство, секогаш правел нешто за да им ги олесни маките (Матеј 14:14; 20:30-34). Кога сме милосрдни како Исус, нашиот живот има поголема смисла, бидејќи оние што покажуваат милосрдност се среќни (Дела 20:35). Ќе покажеме дека сме милосрдни со нашите убави зборови и добри дела. Така ќе им ги олесниме тешкотиите на оние што се во неволја.
НАЧЕЛО: „Среќни се миротворците“ (Матеј 5:9)
КАКО ОВА НАЧЕЛО НИ ПОМАГА ДА ВОДИМЕ СМИСЛОВЕН ЖИВОТ: Да се биде ‚миротворец‘ значи да се биде мирољубив. Како тоа што ќе бидеме мирољубиви ќе ни помогне да имаме поголема смисла во животот? Една работа е тоа што ќе имаме подобри односи со другите луѓе. Мудро е да го следиме библискиот совет: „Ако е можно, колку што зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе“ (Римјаните 12:18). Изразот „сите луѓе“ ги опфаќа и членовите на семејството и другите кои немаат исти верски убедувања како нас.
Ако ги применуваме мудрите совети на Исус, ќе бидеме среќни и задоволни. Меѓутоа, за да имаме вистинска смисла во животот, мора да знаеме и што ни носи иднината. Зар животот може да има смисла ако знаеме дека кога-тогаш ќе остариме, ќе се разболиме и ќе умреме? Сепак, тоа е реалноста во овој свет.
Бог многу ќе ги благослови оние кои се трудат да ‚живеат како што живеел Исус‘. Бог ни ветува дека наскоро ќе донесе еден праведен нов свет, во кој верните луѓе ќе имаат вечен живот и совршено здравје — како што била Божјата намера во почетокот. Во Библијата пишува: „Еве го Божјиот шатор меѓу луѓето! Бог ќе живее со нив и тие ќе бидат негов народ и самиот Бог ќе биде со нив. И тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка. Сѐ што беше порано, помина“ (Откровение 21:3, 4).

ВИСТИНСКИ успешен е оној што најмудро го користи својот живот, односно ги следи Божјите мерила и живее во склад со Божјата намера за нас. Библијата вели дека таквиот човек „е како дрво посадено крај води што течат, кое својот плод го донесува во свое време и на кое лисјето не му венеат, и восѐ што прави, ќе биде успешен“ (Псалм 1:3).Иако сме несовршени и правиме грешки, нашиот живот, во целина, може да биде многу успешен!
Шест чекори до вистински успех:
1 Имај урамнотежено гледиште за парите
„Љубовта кон парите е корен на секакви зла и, поради неа, некои... синанесоа многу маки“ (1. Тимотеј 6:10). Забележи дека парите не се проблем сами по себе — тие ни се потребни за да се грижиме за себеси и за нашите семејства. Она што е погрешно е љубовта кон парите. Всушност, на луѓето што имаат таква љубов парите им стануваат господар, или бог.
Како што можевме да видиме од првата статија, оние што трчаат по богатство и сметаат дека тоа е патот до успехот се во голема заблуда. Не само што нема да станат успешни туку ќе си нанесат и многу болки. На пример, во обид да спечалат што е можно повеќе, луѓето честопати ги запоставуваат своите семејства и пријатели. Други го губат сонот — ако не поради работата, тогаш поради грижите. Но, Библијата вели: „Сладок му е сонот на оној што служи, па јадел тој малку или многу, а богатството на богатиот не му дава да спие“ (Проповедник 5:12).
Парите се суров господар, но и лукав измамник. Исус Христос го нарекол богатството ‚примамливо‘ (Марко 4:19). Со други зборови, богатството само ветува среќа, но не го исполнува ветувањето. Наместо да ти даде чувство на среќа, те остава со незаситна желба да се збогатиш уште повеќе. Во Проповедник 5:10 пишува: „Кој е љубител на пари — не се наситува на пари“.
Едноставно кажано, ако ги сакаме парите, се казнуваме самите себеси бидејќи ваквиот став води до разочарување и нервози, па дури и до криминал (Изреки 28:20). Други важни фактори за среќа и успех се дарежливоста, спремноста да се простува, моралната чистота, љубовта и добриот однос со Бог.
2 Биди дарежлив
„Повеќе усреќува давањето отколку примањето“ (Дела 20:35). Ако даваме одвреме-навреме, ќе почувствуваме среќа само во тие моменти. Но, за да бидеме трајно среќни, потребно е постојано да покажуваме дарежлив дух. Се разбира, дарежливоста може да се покаже на многу начини. Еден од најдобрите и обично најценети начини на давање е да одвоиме време за другите и да направиме нешто за нив.
Откако ги анализирал резултатите од неколку истражувања за несебичноста, среќата и здравјето, истражувачот Стивен Пост заклучил дека несебичноста и спремноста да им се помогне на другите го продолжуваат животот, ги прават луѓето среќни, им го подобруваат физичкото и психичкото здравје и спречуваат да дојде до депресија.
Освен тоа, оние што се дарежливи според своите можности нема да претрпат никаква загуба поради тоа. Во Изреки 11:25 стои: „Дарежливиот човек ќе напредува: тој што други напојува и самиот ќе биде напоен!“ (Радосна Вест). Во склад со овие зборови, оној што е дарежлив во срцето е ценет и сакан, особено од страна на Бог (Евреите 13:16).
3.Простувај спремно.
Во денешно време, луѓето ретко се спремни да простат. Попрво би се одмаздиле отколку да покажат милост. До што води тоа? На навредата се враќа со навреда, а на насилството со насилство.
Но, тоа не е единствената негативна последица. Според весникот TheGazette од Монтреал (Канада), едно истражување во кое биле вклучени повеќе од 4.600 лица на возраст меѓу 18 и 30 години покажало дека, колку понепријателски настроен, нервозен и груб е некој толку поштетно тоа му се одразува на белите дробови. Всушност, некои од последиците се многу посериозни и од оние што се јавуваат кај пушачите! Според тоа, простувањето влијае позитивно, не само врз односите со другите туку и врз нашето здравје.

4.Живеј според Божјите мерила.
Божјите мерила се за наше добро — во физички, психички и емоционален поглед. Меѓу другото, тие нѐ штитат од штетни навики како што се злоупотребата на дрога, пијанството, сексуалниот неморал и гледањето порнографија (2. Коринќаните 7:1; Колошаните 3:5). Такви навики, меѓу другото, водат до криминал, сиромаштија, недоверба, распад на семејството, психички и емоционални проблеми, болести, па дури и до прерана смрт.
Од друга страна, пак, оние што живеат според Божјите мерила негуваат добри и цврсти пријателства и имаат самопочит и душевен мир.
Значи, нашиот Творец ни го посакува најдоброто. Тој сака да одиме „по патот“ кој води до вистинскиот успех.
5 Покажувај несебична љубов
„Љубовта изградува“ (1. Коринќаните 8:1). Можеш ли да си го замислиш животот без љубов. Колку празен и несреќен би бил таквиот живот! ‚Ако немам љубов, ништо не сум... ништо не ми користи‘, напишал апостол Павле под Божје водство (1. Коринќаните 13:2, 3).
Тој не зборувал за љубов меѓу половите која, се разбира, си има свое место, туку за една подлабока и потрајна љубов што се темели на Божјите начела* (Матеј 22:37-39). Освен тоа, оној што има ваква љубов размислува што може да даде, а не да земе. Павле понатаму рекол дека оваа љубов е стрплива и љубезна. Не е завидлива, не се фали и не е горда. Несебично е заинтересирана за доброто на другите и, наместо да се навредува за ситници, спремна е да прости. Таквата љубов изградува. Таа ни помага да бидеме во добри односи со другите, особено со членовите на семејството (1. Коринќаните 13:4-8).Родителите ќе покажат љубов кон своите деца ако им изразуваат нежност и им поставуваат јасни правила на однесување кои се темелат на Библијата. Децата што растат во таква атмосфера имаат чувство дека се ценети и сакани членови на едно стабилно семејство во кое наоѓаат сигурност,и само така бракот ќе им биде успешен и ќе бидат среќни.
6 Задоволувај ги своите духовни потреби
„Среќни се оние што настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби“(Матеј 5:3). За разлика од животните, луѓето имаат способност да ги разберат и да ги ценат духовните работи. Тоа е причина зошто сакаме да добиеме одговор на прашањата: Која е смислата на животот? Постои ли Творец? Што се случува со нас кога ќе умреме? Што ни носи иднината? итн.
Милиони искрени луѓе од целиот свет увиделе дека Библијата дава одговор на овие прашања. На пример, последното прашање е поврзано со Божјата намера со човештвото. Негова намера е Земјата да биде рај во кој засекогаш ќе живеат луѓе што го сакаат Бог и неговите мерила. Во Псалм 37:29 пишува: „Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш“.
Јасно е дека нашиот Творец сака да бидеме успешни засекогаш, а не само привремено, т.е. 70 или 80 години. Затоа, сега е време да учиме за него. Исус рекол: „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3). Додека учиш за нив и го применуваш тоа знаење во својот живот, ќе се увериш самиот дека „благословот од Бог збогатува, и Бог не задава никаква болка притоа“ (Изреки 10:22).
 
Последна промена од модератор:

Frojda

Истакнат Член
2 септември 2013
58
26
118
Ауу ама сум филозофски настроена денес...скиснав на подфорум Филозофија.
Смислата на животот? Релативна работа...Лично мислам дека наоѓањето на сопственото Јас, препознавањето на она што не' прави среќни, просто кажано наоѓање на сопствената мисија во овој свет е смислата на животот. Никој не може да каже некому која е смислата на животот бидејќи смислата е во оригиналноста :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Idiot and diva orhideja

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Ауу ама сум филозофски настроена денес...скиснав на подфорум Филозофија.
Смислата на животот? Релативна работа...Лично мислам дека наоѓањето на сопственото Јас, препознавањето на она што не' прави среќни, просто кажано наоѓање на сопствената мисија во овој свет е смислата на животот. Никој не може да каже некому која е смислата на животот бидејќи смислата е во оригиналноста :)
Сакаш да кажеш дека: - Смислата на животот е да ја најдеш смислата на животот?
* под “најдеш“ не мислам да некој на тацна ти даде.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Frojda and diva orhideja

Разголена Уметност

Истакнат Член
26 март 2014
32
47
118
Скопје
Смислата на животот е живот со смисла :D
Животот нема одредена смисла, секој од нас си има свое значење кое треба да го оживее, штета е да се поставува прашањето кога сите ние сме одговорот :))
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja