Кошмари

Keepitreal

Полноправен Член
3 мај 2013
78
38
18
Имам кошмари ептен ретко, некој од нив ги претварам во луциден сон и почнувам да играм, али некој в крај страв ми клават. Како например некој ептен мрачен тип ти се појавува нож во рака, а ти пробваш да бегаш ама никако да избегаш. Или паѓаш или в место трчаш, е овие кошмари ми се ептен Бедој.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Имав еден познаник од средно, почина минатата година..
Сонував три лоши кошмари со него.
Прво како сум била на базен, па сум го видела него во вода, блед.. Ме гледаше мене цело време, а јас се свртив накај другарка ми и као демек и викам па нели почина дечково.. и како дух да сум никој ни ме слуша ни гледа, па се свртив да видам кај е дечково и како што се свртив се појави он пред мене без очи, на местото кај што му беа очите имаше големи дупки со крв и преку нив се гледаше позадината.. Језиво ептен.
После сонував како сум чекала да помине воз да преминам преку пруга, па кога поминуваше возот, дечково ме тргна од другата страна директ во возот што доаѓаше..
И последниот како се будам јас и го гледам на маса пред мене седнат со шпил карти во рака и ме гледа право во очи... И темнина...
Не знам ни дали имаат значење, ни дали е поради што сум го мислела ни па сакам да размислувам, ме фаќа страв..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Primrose

Licno taa

Староседелец
28 јануари 2013
59
50
1,028
Еднаш во живот имав кошмар.
Сонував како некој дошол во спална и легнал до мене. Осетив како нешто да ме дави т.е. неможев да дишам. Се свртев, не видов ништо но осетив дека е некој до мене ама не го гледав, само видов злобен осмех, како кога некој се сити. Пробав да викнам помош.Успеав конечно да пуштам глас. Ама толку силно сум викнала што ја разбудив цела куќа, а јас само знам кога сотворив очи дишев тешко, неможев да земам воздух. Лезиво. И сега кога ќе се сетам неубо ми е. :ladno
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: beautifull liar

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Имам многу често кошмари, и искрено ми го пореметуваат цел метаболизам.
Периодично ми се дешава тоа. Кога имам кошмар се будам и не можам да спијам, па си преседувам солиден дел од ноќта, и преку ден нормално спијам. И така во круг...

Дечко ми ми вика дека и зборам во сон многу.
Кујзне какви гревови имам направено во претходниот живот :D
 

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
Единствен кошмар што добро го паметам е ептен малечок сонував како куклите од излогот на бутиците во чаршија стануваа живи и ме одвлекуваа од рацете на мајка ми. :D
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Гледам погоре сум раскажала некој кошмар, па еве пак јас да раскажам уште некој.
Да почнам да ги раскажувам сите кошмари, не ќе се види крајот.
Нема смисла веќе. Зошто, која им е позадината?
Пошто голем дел од времето поминувам со гледање филмови, многу знаат да ми кажат од тоа ти е, ама јас луѓе мноооогу ретко гледам хорори или некои гнасни трилери со колења и дерења. Зар можат драми за неколку животни приказни да изазуваат такви болни соништа? Не. Нема смисла.
Патем и секоја филмска сцена, вода може да им носи на сцените што се одвиваат во моите соништа.
Ок е, сите ги имаме, ама кај мене се многу чести и ептен се изопачени.

Последниот, што не можам да го заборавам, посебно кога ќе се начекам во темно...


Се симнувам јас по скали, доле собрани моите, онака вообичаено седнати како и секој ден. Тргнувам да си варам кафе, а во кујна ковчег, потпрен на ѕид.
Онака исплашена, се приближувам, а ковчегот се искриви, а од него паднаа човек (џуџе) преполовен на пола и мртво крваво бебе. Крв на сите страни, а јас во паника. Нит можев да се помрднам ни па да свртам поглед.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Последниот пат кога имав кошмар (пред некој ден) кога се разбудив од истиот главата ми пукаше.
 

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
еее пред некој ден по којзнае кој пат ,, се банјам во базен полн со змии WTF