Коригира или Корегира?

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
За точното нека му ја мислат тие што ке го употребат на места каде што ке им се бара или оценува како точно или не точно.
Јас ке се погрижам како точно да ја направам исправката,поравката,корекцијата,на зборот нема да му обрнам големо внимание кое ке го употребам.:giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Најдобро е да си кажувате „поправа“ , и да заебете ова внесување на разно разни американизми у нашиов речник. Малце турцизми има, уште ова ни фали у пм.
 

I am me

Староседелец
1 август 2012
9
4
1,003
Негде на Земјата
Ако отвориш толковен македонски речник многу ќе се изначудиш. Понекогаш и треба да се прифатат исправките на
лекторите (па нели за тоа учеле) ама.И секогаш има едно ама. Јас во судир со неколку такви морав да се
објаснувам дека кај нас постои воопшто (колку ли се апсурдни!!!) Врховен суд. Некој таму демек попаметен
си напишал Касационен суд. И сега чаре.....се налутив и реков не го потпишувам преводот и точка. За оваа
твоја дилема и нема потреба многу да се мачиш. Да не објаснувам пак како еден редактор се однесуваше како лектор.
За жал, повеќето одомаќинети интернационализми се или од латинско или од грчко потекло а кај нас дошле преку други јазици. Се согласувам дека ако мора да се напише место исправка треба корекција или како глаголска форма коригира. Јас лично би сакала исто како Хрватите да си направиме македонизација на интернационализмите ама нема јунак таков на Филолошки. Си мислев едно време (додека бев на факултет) дека Пандев и ќе смогне сили и пак ништо. Ниту пак синтаксата наша насушна не е до толку научно остварена колку што ми се чини на секој друг соседен јазик. Но избегни го поврзувањето со англискиот јазик. Како професионален преведувач ти велам, мораш да се извлечеш од стапицата на споредувањето или буквалниот превод. Имам уште многу за пишување ама доста е за денес...:)
 

Теофанија

Полноправен Член
19 февруари 2012
55
23
8
Латински corrigere. Невообичаено, но коригира е точниот израз во македонскиот јазик.