Значи ептен ми се смешни љуѓево, со мудрите мисли и афоризми, особено оние кои велат дека вистинските избори во животот се донесуваат со самото слушање на она што ти го вели срцето.. Абе ајде, жити се?! Искрено, од срцето освен неговото чукање, друго баш и не слушам, ако вие навистина слушате дека срцето нешто ви говори, во најбрз можен рок упатете се кај вашиот матичен лекар и земете си упат за целосно испитување на главата и нејзината внатрешност. Послушајте ме мене, со шизофренијата и нејзините најдобри пријатели, нема играчка!
Ајде, добро, може и јас малце претерав, знам, се мисли на оние центи во мозокот кои се занимаваат со нашите чувства и емоции. Но, од каде тоа дека срцето има некаква врска со вашите емотивни состојби? Упорно мозокот и срцето ги претставуваат како вечни ривали при донесување на одлуките во животот, а всушност се работи само за центри во мозокот, што значи сѐ е до него, срцето баш и нема никава врска со тоа. Тоа само си ја работи неговата задача и ве одржува во живот.
„Понекогаш треба едноставно да го исклучиме мозокот и да го следиме шепотот на срцето, единствено тоа ќе ни го покаже вистинскиот пат и бла бла бла бла глупости“.. СЕКАКО! Ај баш да те видам исклучи си го мозокот, во буквална смисла и остави срцето да те одведе на вистинскиот пат. Да, ќе те одведе на пат кон болница каде ќе те приклучат на апарати и ќе те одгледуваат како билка, ете таму ќе те одведе. Па ти слободно сега исклучи го.
Па тоа е основа на човечката анатомија, тоа се учи по Биологија во основно, тоа барем е општа култура, зашто уште се лажат со глупостиве за срцето и неговата емоционална улога? Ај што треба да знаат дека срцето е орган со друга намена, па кај наоѓаат и логика за поврзување на срцето и емоциите? Како може да шират пропаганди дека треба срцето да одлучува за она што на мозокот му е работа? Тоа ми е исто како да рече некој дека треба наместо да се почитуваат правилата што ги донесува државната власт, да се почитуваат правила налагани од питачите пред ГТЦ. Па замислете каков хаос би настанал тогаш. Не хаос, колатерална штета! Исто му доаѓа и во нашиов биолошки случај.
Искрено се надевам дека не сме до толку неписмен народ, па да не го знаеме сево ова. Но зошто упорно продолжуваат?
Како и да е, оваа пропаганда веќе е премногу раширена. Секојдневно читаме за тоа, опеана е во најголемите евергрини, во стилот на „Listen to your heart“ и слично, тоа е тоа, назад.. нема!
Вмешувањето на срцето во целата таа емотивно-емоционална работа можеме да го приметиме и во самиот симбол на љубовта. Зошто срцето е симбол на љубовта? Па веќе кога одлучиле да го постават за симбол, барем нека наликува на срце. Како тоа две линии кои започнуваат полукружно и се спојуваат во остар агол, би требало да претставува срце? Од срце ни С ама нема врска, нема врска ни целиот муабет околу срцето и емоциите, но тоа е.
Можеби ги буни забрзувањето на срцевите отчукувања кога ќе ја видат саканата личност? И тоа има многу едноставно и логично објаснување. Едноставно, тие центри кои сепак се во мозокот, наложуваат зголемо лачење на адреналин во крвта кој го предизвикува тоа срцево забрзување. Тооолку едноставно. Истото се случува и при купување на омилената кола, при занимавање со екстремни спортови, при добивање на голема сума на пари, па ајде сеа сето тоа да му го препишеме на срцето.
Да карикирам! Срцето е само орган, со друга намена, кое е под контрола на мозокот. Немојте случајно да чекате срцето нешто да ви каже, тоа баш и нема да се случи. Активирајте го мозочето малце повеќе и донесувајте си ги одлуките, сигурно ќе бидат попаметни!
Извор: http://hajdpark.mk/kolumna-slusaj-si-go-srceto-da-da-sekako/