Колумна: Слушај си го срцето...да да, секако

Kokakolicar Eden Nizaeden

Активен Член
17 мај 2012
81
150
33
Значи ептен ми се смешни љуѓево, со мудрите мисли и афоризми, особено оние кои велат дека вистинските избори во животот се донесуваат со самото слушање на она што ти го вели срцето.. Абе ајде, жити се?! Искрено, од срцето освен неговото чукање, друго баш и не слушам, ако вие навистина слушате дека срцето нешто ви говори, во најбрз можен рок упатете се кај вашиот матичен лекар и земете си упат за целосно испитување на главата и нејзината внатрешност. Послушајте ме мене, со шизофренијата и нејзините најдобри пријатели, нема играчка!

Ајде, добро, може и јас малце претерав, знам, се мисли на оние центи во мозокот кои се занимаваат со нашите чувства и емоции. Но, од каде тоа дека срцето има некаква врска со вашите емотивни состојби? Упорно мозокот и срцето ги претставуваат како вечни ривали при донесување на одлуките во животот, а всушност се работи само за центри во мозокот, што значи сѐ е до него, срцето баш и нема никава врска со тоа. Тоа само си ја работи неговата задача и ве одржува во живот.

„Понекогаш треба едноставно да го исклучиме мозокот и да го следиме шепотот на срцето, единствено тоа ќе ни го покаже вистинскиот пат и бла бла бла бла глупости“.. СЕКАКО! Ај баш да те видам исклучи си го мозокот, во буквална смисла и остави срцето да те одведе на вистинскиот пат. Да, ќе те одведе на пат кон болница каде ќе те приклучат на апарати и ќе те одгледуваат како билка, ете таму ќе те одведе. Па ти слободно сега исклучи го.

Па тоа е основа на човечката анатомија, тоа се учи по Биологија во основно, тоа барем е општа култура, зашто уште се лажат со глупостиве за срцето и неговата емоционална улога? Ај што треба да знаат дека срцето е орган со друга намена, па кај наоѓаат и логика за поврзување на срцето и емоциите? Како може да шират пропаганди дека треба срцето да одлучува за она што на мозокот му е работа? Тоа ми е исто како да рече некој дека треба наместо да се почитуваат правилата што ги донесува државната власт, да се почитуваат правила налагани од питачите пред ГТЦ. Па замислете каков хаос би настанал тогаш. Не хаос, колатерална штета! Исто му доаѓа и во нашиов биолошки случај.

Искрено се надевам дека не сме до толку неписмен народ, па да не го знаеме сево ова. Но зошто упорно продолжуваат?

Како и да е, оваа пропаганда веќе е премногу раширена. Секојдневно читаме за тоа, опеана е во најголемите евергрини, во стилот на „Listen to your heart“ и слично, тоа е тоа, назад.. нема!

Вмешувањето на срцето во целата таа емотивно-емоционална работа можеме да го приметиме и во самиот симбол на љубовта. Зошто срцето е симбол на љубовта? Па веќе кога одлучиле да го постават за симбол, барем нека наликува на срце. Како тоа две линии кои започнуваат полукружно и се спојуваат во остар агол, би требало да претставува срце? Од срце ни С ама нема врска, нема врска ни целиот муабет околу срцето и емоциите, но тоа е.

Можеби ги буни забрзувањето на срцевите отчукувања кога ќе ја видат саканата личност? И тоа има многу едноставно и логично објаснување. Едноставно, тие центри кои сепак се во мозокот, наложуваат зголемо лачење на адреналин во крвта кој го предизвикува тоа срцево забрзување. Тооолку едноставно. Истото се случува и при купување на омилената кола, при занимавање со екстремни спортови, при добивање на голема сума на пари, па ајде сеа сето тоа да му го препишеме на срцето.

Да карикирам! Срцето е само орган, со друга намена, кое е под контрола на мозокот. Немојте случајно да чекате срцето нешто да ви каже, тоа баш и нема да се случи. Активирајте го мозочето малце повеќе и донесувајте си ги одлуките, сигурно ќе бидат попаметни!

Извор: http://hajdpark.mk/kolumna-slusaj-si-go-srceto-da-da-sekako/
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
Да карикирам! Срцето е само орган, со друга намена, кое е под контрола на мозокот. Немојте случајно да чекате срцето нешто да ви каже, тоа баш и нема да се случи. Активирајте го мозочето малце повеќе и донесувајте си ги одлуките, сигурно ќе бидат попаметни!

не сум сигурна како треба да ти одговорам...дали и јас да пишувам нешо у овој стил или да ти одговорам како шо јас си знам најубоо? ипак ќе ти одговорам како ја шо си знам, зш ме фаќа сафра да пишуам колумни...

ае здравје коа ќе се заљубиш ќе го прајме муабетот...до тогаш читај статии :)
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
нешто некад одонутра ни кажуе
пеперутке некад стфарно летиф
срце ли е коцка ли е детелина у лист ли е незнам појма
битно знам дека највише срце ми чука тк кд ке сам начукнат скроз
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: i_wanna_fly

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Мене пак ме интересира поврзаноста помеѓу анатомијата и создавањето чувства што се проткајува низ текстов.
Дали ако срцето имаше квадратна форма, чувствата ќе беа други?
Или ако ја имаше формата на мозокот, самото ќе си кажуваше што е најправилно?
Кој орган би го заземал местото на срцето, доколку истото не постоеше, и дали тој анатомски различен орган би ги направил и нашите чувства поразлични? I think not.
Тие “listen to your heart“ метафори си ги сфатил премногу буквално.
Исто како кога некој ќе каже дека го боли патлакот. Знаеме на што мисли? Да. Го боли навистина? Не.
Оно јес да мозокот е управителот, ама чувствата би биле тие без разлика дали се поистоветуваат со срце, бубрег, слепо црево или коњска потковица.
Ќе се заљубиш, па ќе видиме дали ќе ти се стега и кине черепот или нешто во градите. Дотогаш здравје.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Без разлика колку сме паметни срцето барем еднаш ке направи будала од нас.
Го слушав и се излажав...следен пат нема да има...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nighty

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
Зошто под секоја колумна гледам едни исти фаци што за се мора да имаат забелешка? Во последно време листав по коментари и го приметив тоа. Со самото тоа што ќе сте контрадикторни на нешто не ве прави попаметни. Бар дечкото се труди, пишува, поткрева малку самосвеста на небистрово општество . Мора ли под секоја колумна едни исти два тројца да хејтаат цело време? Фатете напишете нешто. Знаете секогаш е полесно да се најде маана, отколку да се даде пофалба. И што ако премногу буквално го сватил тоа метафоричното - слушај си го срцето. Секој го труби истото, слушај си го срцето, слушај си го срцето, и кога ке згрешат цел свет им е крив. Па фала богу му скурчило на дечково од "семе синапово" фрази. Дали мене ми се чини, или тука само детаљите се битни а никој не го гледа поголемиот план? Пораката што ја носи една колумна?
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Зошто под секоја колумна гледам едни исти фаци што за се мора да имаат забелешка? Во последно време листав по коментари и го приметив тоа. Со самото тоа што ќе сте контрадикторни на нешто не ве прави попаметни. Бар дечкото се труди, пишува, поткрева малку самосвеста на небистрово општество . Мора ли под секоја колумна едни исти два тројца да хејтаат цело време? Фатете напишете нешто. Знаете секогаш е полесно да се најде маана, отколку да се даде пофалба. И што ако премногу буквално го сватил тоа метафоричното - слушај си го срцето. Секој го труби истото, слушај си го срцето, слушај си го срцето, и кога ке згрешат цел свет им е крив. Па фала богу му скурчило на дечково од "семе синапово" фрази. Дали мене ми се чини, или тука само детаљите се битни а никој не го гледа поголемиот план? Пораката што ја носи една колумна?
Тежок е животот на колумнистите :D
Прво правило - Не напаѓај ако не си подготвен да издржиш три пати поостри напади ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nightmare_f

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
Тежок е животот на колумнистите :D
Прво правило - Не напаѓај ако не си подготвен да издржиш три пати поостри напади ;)


Е де, не дека неможе батето да издржи, гледам топ е, и нешто не се многу замара. Нормално е да се добие остра критика, зошто ако никој не ти укаже каде грешиш никогаш нема да напредуваш. Затоа се цени многу искреноста од моја страна. Но поентата ми е зошто ако првиот коментар е лош, одма после него се е лошо? Ако првиот е пофалбен, сите останати се вааауу топ. Толку ли луѓето се соживеани со фејзбук шемата па мислат дека ако се контрадикторни на нешто се попаметни? Тоа ме иритира. Што сеа и тука ќе збираме Лајк и ќе идеме на страна на мнозинство ? Зошто не си формираш свое лично мислење? Ако нека е јак нападот, и нека е солидна добра критика. Но зошто од целаааа колуумнааа, ќе се најде една реченица и строго на неа ќе се држиме и ќе критикуваме? Тоа сакам да ми се разјасни, зошто луѓево едноставно водат инает и ќе се запнат за нешто ко пијан за плот?