Зошто под секоја колумна гледам едни исти фаци што за се мора да имаат забелешка? Во последно време листав по коментари и го приметив тоа...
Кога веќе си толку директна колку што тврдиш, цитирај, обрати ми се лично мене, за да прочитам и образложам зошто, а да не ти остане прашањето реторско, оти некултурно би било од моја страна.
Ако сум “промрчила“ на оваа или на твојата колумна, не значи дека, ко еве ти сега, ќе го фатам членот на пик и ќе одам од тема на тема да му барам забелешки на постовите за да го хм...“оцрнам“ зошто ми ја има исхејтано скапоцената ми колумна.
Постојат колумни од истово типче кои ми се допаднале. Може не сум ги величала јавно, за утре јас ако пишам, да очекувам и тој мене да ме велича, нели, за возврат оти сум го пофалила/одбранила, па да се чувствува должен.
Мене една твоја или негова колумна што не ми се совпаднале со мислењето, не е никаков показател дека не вредите ко личности, дека се` пишано ви е срање во боја и дека готово, ко баба Рога ќе те манијачам по теми, за ако ти кажеш дека нештото е бело, јас да се убацам дека е црно, само за да ти одам контра.
А дека постојат различни луѓе и уште толку различни ставови - несомнено. Блу убаво пиша, кој не е спремен да прифати три пати поостра критика на своја сметка, не треба ни да се нафаќа да критикува други.
Се надевам ќе си го средиш грдиот впечаток.