Колку често кажувате „те сакам“?

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
Во врска го кажувам поретко. За да не стане навика, за девојката да се чувствува убаво кога ќе и кажам дека ја сакам. Ако стане навика, тогаш ќе биде со исто значење како и едно здраво.
Неможам да кажам дека го кажувам само кога ќе го чувстувам, тоа е една моја мана. Некогаш го кажувам само за да и биде подобро на личноста или па ако прво личноста ми рекла така. За другар, другарка праиме муабет.
Не само во врска, општо го кажувам поретко. Само на личности кои го заслужуваат тоа. Ама и како што кажав погоре, некогаш не го чувствувам а го кажувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми, JaMi and ema09

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Па скоро и никогаш мрзам љубовни патетики..:frown
Не ти наишла некоја да те стопи, и серенади под пенџере ќе и пееш. :)

Мене ова ’’те сакам’’ ми е безвеза и неправилно. Јас за искажување љубов го користам терминот кој според мене е поправилен - ’’те љубам’’. Ќе рече некој исто онакво само друго паковање, но за мене не е така. Кога човек сака нешто или некого, тој сака тоа да го поседува, да го има само за себе, а кога сака да го има нештото само за себе аутоматски се плаши да не го изгуби. Никој нема право никого да поседува и врзува за себе. Де Мело вели: Никој не може да ни го одземе она што НЕ го поседуваме. Кој сконта, супер. А и само кај нас се користи ’’те сакам’’. На англиски се вели I love you, а не I want you, србите велат Volim te, а не Zhelim te ... Ај да не дрвам многу ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@, JaMi and ema09

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Досега само еднаш и тоа одвај. Ми требаа скоро месец дена врска (постара беше од мене 2 години) за да кажам такво нешто. У скоро време осеќам и втор пат дека ќе кажам.:)
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Те сакам кажувам многу ретко ,ептен кога ќе бидам заслепена од љубовта и ќе се опуштам и ќе го кажам зборот кој навистина го чувствувам....сакам да го слушнам не многу често но искрено да биде....највеќе се осеќа преку дела,кога го има на дела дури и не ми значи Те Сакам како збор ,делата се најбитни од сé!
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Доволно.
Обично се случува тоа при излив на емоции, еднаш до два пати годишно.
Но затоа секој ден умеам љубовта да ја искажувам на суптилен начин. Смешно ми е при секој завршен повик и посакување добра ноќ да кажуваш Те сакам - рефлексно и обично.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno and She