Колекционерство, стари пари, стари работи, антиквитети

ComputerService

Староседелец
29 јануари 2013
443
235
1,043
Здраво,

Ајде и овде да се понудам и да побарам понуди.
Значи доколку има некој стари пари, книжни - железни постари од 1930 година, слободно нека ги сликни нека ги извади ке се договориме за цена, исто така доколку некој сака да купи, слободно нека пиши ке се договориме!

Исто така доколку некој има стари работи како на пример- сабји, кубури, интересни ножеви, сувенири, накити се постаро од 1930 година!

Народни селски носии, и што уште не !

Мислам темава, не би била никаков проблем да остани на форумот доколку дозволува политиката на форумот!
Благодарам.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Супер тема!
Ме интересира дали некој има стомни, ама да не се тазе направени, да се постари. За цената ќе се договориме а број ќе им оставам во порака на тие што ќе се расположени да ми продадат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

ComputerService

Староседелец
29 јануари 2013
443
235
1,043
Супер тема!
Ме интересира дали некој има стомни, ама да не се тазе направени, да се постари. За цената ќе се договориме а број ќе им оставам во порака на тие што ќе се расположени да ми продадат.
Батка, има се наоѓаат и постари и многу стари.
Тие што се многу стари- од античко време се многу скапи а исто така и во затвор се лежи.
Иначе имам јас 3 стомни од 1902 година- али не ми се за подавање, така да ке видам јас, ако испадни нешто ке ти пишам порака.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Батка, има се наоѓаат и постари и многу стари.
Тие што се многу стари- од античко време се многу скапи а исто така и во затвор се лежи.
Иначе имам јас 3 стомни од 1902 година- али не ми се за подавање, така да ке видам јас, ако испадни нешто ке ти пишам порака.
Знам дека се лежи, не барам толку стари, барам најстари до 1900... само затоа што е подобри за изглед од овие денешните што се прават.
А за цена не се секирај, колку и да се, јас имам 7 од 1930 од поречките села, и уште неколку од 1950 од Радожда.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

ComputerService

Староседелец
29 јануари 2013
443
235
1,043
Знам дека се лежи, не барам толку стари, барам најстари до 1900... само затоа што е подобри за изглед од овие денешните што се прават.
А за цена не се секирај, колку и да се, јас имам 7 од 1930 од поречките села, и уште неколку од 1950 од Радожда.
Финтата е во автентичниот изглет, но некои кој немаат таков вкус едноставно ке кажат, многу грда работа, ке ми ја грди собата.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Финтата е во автентичниот изглет, но некои кој немаат таков вкус едноставно ке кажат, многу грда работа, ке ми ја грди собата.
:) Знам, многупати сум „претрпел“ коментари од типот „при куќа во град правиш селски амбиент“ али секој со стилот би рекол јас. :) Сега ќе ти пратам во порака да видиш како изгледа.
 
ComputerService

Староседелец
29 јануари 2013
443
235
1,043
:) Знам, многупати сум „претрпел“ коментари од типот „при куќа во град правиш селски амбиент“ али секој со стилот би рекол јас. :) Сега ќе ти пратам во порака да видиш како изгледа.
Ајде, баш ме интересира !
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Топ тема. Може тука да се дискутира и за аматерска реставрација.
Антиката не ми е толку омилена како период, имам нешто присобрано 2-3 монетки во релативно лоша состојба.
Повеќе се бавам со такореќи подводна археологија, не така професионално. Вадам керамика (порцелан) од 19ти и почеток на 20ти век, само фрагменти кои подоцна ги составувам (ако имам среќа). Имав накдено еднаш една тока со руски амблем/грб (оноа што денес го имаат Црногорците со орелот). Истотака и метален дел од пушка со шкрапало од 18ти/19 век. Од нумизматика малку повеќе ми се има насмеано среќата со еден сребреник од почеток на 20ти век со Цар Николај Романов и неколку ситни бакарни од австроунгарија од крај на 19ти век.
 
Интересно, имав јас некој сознанија за некој локации, но се колебав дали да одам или да не одам, но за жал Миленко свршил работа пред мене.
Имено не знаев за што станува збор на локациите дали за злато или за некој други материјали.
Сигурен сум дека имаше на едната локација злато !
 
Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
татко ми има премногу вакви работи, тој ги собира, ќе го прашам ако има за продавање било што ќе го сликам и ќе ставам слики па ќе видите :)