Кои се најдобри години?

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Од некои направени истражувања и анкети, заклучено е дека човек на 30 год.возраст е најздрав, на 39 е најсреќен, на 45 сексуално најзадоволен..и има уште некои податоци, но, на жалост, нема ниту една позитивна состојба спомената на после 50 години...животот ко да трае само до 49...а после, што, низ брдо:frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and corki

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Дали тоа значи дека сакаш да бидеш вечити студент, да не осетиш како е на 35 и повеќе години??
Не,сакав да кажам дека после факултет има реални стравови,сами сносуваме одговорност и нема бегање од некои обврски.А може да се случи некој да се соочи со тие обврски многу порано,баш кога треба да биде на факултет.Ете тогаш знае некој да се потсмева и да вели зашто така и вака.На тоа мислев.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: pozdrav eden topol

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Би кажал дека секој период си има свои убавини,но и НЕубавини!

Еве за мене најдобри години за живеење се годините кога моите родители се грижеа за мене,па тогаш користев можност бесплатно да живеам!:)
Храна бесплатна(тато ќе плати).:)
Одмори,патувања,прошетки,шопинзи,и ред други поминати моменти во една иста година,ете тие се најдобри години за мене!Безгрижното детство.
Ех кога би можело повторно да се вратат:).

Спротивно од тие години,и годините што следувале,би рекол дека низ сите нив се случувале и отскоци,но и падови.(затоа неможе да се дефинираат).
Ни се случувале многу убави работи,исполнети со многу радост и среќа,но истовремено се случувале и многу лоши!
Инаку општо опишување на убавите години беа гидините кога беше жив другарот Тито!(помладите и воопшто не знаат за тој период)живеењето во тогашниот систем,кога секој беше рамноправен на системот и беше горд да каже од каде доаѓа,и повеќето луѓе беа среќни и исполнети со безгрижни мисли!
Тинејџерските години се години кои секој се сеќава на убавите моменти(лошите ги потискаме и несакаме да се сеќаваме)кога на секој му започнуваат убавите работи да му се случуваат,на кој што ќе се сеќава вечно!
Кога започнуваат првите љубови,кога се раѓа копнежот по нешто што силно те привлекува,копнежот по правата љубов,сексот и се што е поврзано со убавата помисла и случувања!

Потребно е премногу пишување за секој период од живото да се објасни,но генерално убавите години за мене веќе ги кажав..
Детските,времето од дедото Тито,тинејџерскит и други години којшто се исполнети со среќа и радост,но за нив не сум сигурен,и неможе да се кажат дека биле убави години,само некој период би се оддвоил!
 

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Ако можам да ти понудам поситни години, што ќе одбереш, што ќе живееш?

Колку повеќе ќе ситниш, толку помалку ќе имаш заинтересирани.
Зошто мислиш дека помалку години се најубави години!?
Јас мислам дека гледано од биолошка страна, најубавите години почнуваат со завршување на образованието,запослување и стварање фамилија...значи пак после 30 година.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Најдобри години би можеле да бидат подоцнежните години. Како прво поради искуството. Не дека некој помлад не може да има барем приближно искуство со повозрасен (тука се и условите во кои живееме), ама сепак зрелото размислување допринесува полесно да се справат со разочарувањето и да го извлечат најдоброто од ситуацијата.
Второ, мислам дека помалку се очекува од постарите, па така и притисокот е помал и имаат повеќе време и слобода да живеат како што сакаат и да го прават тоа што ги исполнува.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Колку повеќе ќе ситниш, толку помалку ќе имаш заинтересирани.
Зошто мислиш дека помалку години се најубави години!?
Јас мислам дека гледано од биолошка страна, најубавите години почнуваат со завршување на образованието,запослување и стварање фамилија...значи пак после 30 година.
Тоа е работа на вкусот, ако за тебе е ок образование, вработување и создавање семејство и за мене е во ред поради тебе, секако е твој избор, јас не сум некоја мерна единица, но според мене, ситните нешта поубаво ѕвонат.