Само тогаш?vozrasni sme togas koga ke odlucuvame sami za sebe
Само тогаш?vozrasni sme togas koga ke odlucuvame sami za sebe
pa neСамо тогаш?
точноГодините не се битни, кога сам ќе почуствуваш дека си искусил многу работи, си сфатил многу грешки и сакаш да направиш некои промени, тоа значи дека си созреал.
Годините не се битни, кога сам ќе почуствуваш дека си искусил многу работи, си сфатил многу грешки и сакаш да направиш некои промени, тоа значи дека си созреал.
малку чудно ми е ова. Зошто ти е така споено сето? детско некултурно и дрско инфантилно однесување, детско површно и плитко размислување ? Децата воопшто не се такви.Календарската возраст мислам дека не е пресудна дали некој е возрасен и зрел...
Мислам дека, на жалост, најбргу и најрано созреваат оние кои животот не ги милувал...кои имале тешко детство и се мачеле да опстанат и живуркаат во ова сурово време...
Созреваат емотивните, разумните...
Размазените нарцисоидни деришта нема никогаш да созреат и да бидат возрасни, само физички ќе изгледаат како возрасни...
Едно е да се зачува младиот дух во нас, кој подрзабира смеа, игра, забава, авантури, а друго е да останеме вечни деца со детско некултурно и дрско инфантилно однесување, со детско површно и плитко размислување...
Сметам дека сме созреале кога знаеме да кажеме извини, кога признаваме дека сме згрешиле и бараме прошка за нашата постапка, кога се покајуваме, кога во нас се буди алтруизмот, кога покрај за себеси стануваш одговорен и за друг живот, кога ќе научиш да правиш компромиси....
Познавам 7 годишно девојче за кое велам дека има стар дух, зашто така и се однесува, премногу е послушна, разбрана, смирена, одмерена, дури човек да се чуди на ’зрелите’ особини кои ги има...
А од друга страна познавам и 45 годишен маж кој се’ уште одбива да порасне и се однесува како дете...
Така да, сметам дека созревањето и станувањето возрасен зависат пред се’ од темпераментот кој ни е даден со раѓањето, но најмногу од начинот на живот....
Сигурно јас и ти имаме различно окружување. Децата што јас ги познавам и што велат извини најчесто е за да добијаат нешто после, а многу се ретки оние кои го велат како што рече искрено и чисто.малку чудно ми е ова. Зошто ти е така споено сето? детско некултурно и дрско инфантилно однесување, детско површно и плитко размислување ? Децата воопшто не се такви.
Потоа другото, сме созреале кога знаеме да кажеме извини и да побараме прошка, да признаеме дека сме згрешиле... Децата многу побргу и полесно и чисто и искрено признаваат дека згрешиле и велат извини и бараат прошка.
Па дури и понатака, каква врска има „возрасен“ со „послушен“ ? И сите тие особини кои ти делуваат како зрели, кај дете од 7 години, мене побргу ме асоцираат на страв од нешто (послушна е, мирна, разбрана, смирена... можеби се плаши дека ако е поинаква некого ќе разочара, па помалку ќе ја сакаат... пример само, можеби е нешто сосема друго позади тоа и такво однесување).
За мене, да се биде возрасен, просто значи да се достигне умешноста на правилно проценување (правилно во однос на себе и во однос на оние кои се засегнати) на сопствените чекори, постапки, реакции... Или уште попросто - да се достигне умешноста на правилно проценување дали, кога и колку е време за мир, одбрана или напад.
Ама во процесот на тоа достигнување, воопшто да не се потисне/истисне/надмине детето и сѐ она што значи „детско“ .