Кога и како стануваме возрасни?

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Сите го знаеме универзалниот модел на законско полнолетство - 18 години во Р. Македонија и некои држави 21 година.

Мене ме интересира друго.
Кога и како се случува психичко преминување од детска - тинејџерска фаза во возрасна фаза?

Дали тоа се случува во момент кога сме способни да се издржуваме самите себе, од економски и психички аспект, но истовремено се коси со случаеви на деца кои работат од своја 13та година за да преживеат?

Што мислите за оние деца кои се растени во услови на "стаклено ѕвоно"? Дали тие некогаш без оглед на нивните години со кревко и заштитничко детство ќе осознаат како е да се биде возрасен, без да се биде плашлив и незрел пристап во секојдневните обврски?

Или сметате дека луѓе со тешко детство се баш оние кои се асоцијални во општеството?
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Темава е за во Психологија оти гледам е од областа на развојната психологија.

Да се биде зрел возрасен значи да се земе животот во свои раце, лебот сами да го заработуваме, да имаме свое семејство, да бидеме независни. Меџутим не секоја единка у исто време и начин созрева. Некој порано созрева, друг покасно. Прво зависи кога му дошол пубертетот, после во каква средина растел, дали студира или не...сето тоа влијае на сознајниот развој. Во минатото многу порано се созревало и се влегувало во светот на возрасните. Тогаш адолесценцијата како период не постоела, се минувало директно од детство во зрела доба. Децата многу порано почнувале со работење, биле потчинети, немале права, образованието било луксуз, женачката била на помлади години. Се тоа води кон порано созревање. Денес образованието може да трае и до 25 години, па и даље, па додека најдеме работа, па додека се оформи семејство и свое гнездо, додека застанеме на свои нозе, оп дошла 30ката.
Прогуглај на нет за когнитивниот развој според Жан Пијаже и развојните стадиуми според теоријата на Даниел Левинсон.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci and melpomena

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Никогаш не треба да се изгуби детето во нас. Ги жалам сите оние кои се премногу сериозни.
Сметам дека возрасниот малку поинаку размислува и има поважни приоритети од тинејџерот, во сите полиња во животот. Возрасен си кога обрските ги сфаќаш посериозно, кога размислуваш за кариера и семејство, не ти е толку важно искачањето, пиење со пријатели, дремење на компјутер 24/7 итн.
А колку ме нервираат оние стиснати сериозни луѓе кога ќе речат дека си дете само затоа што си опуштен и уживаш во секој ден.:nah
Фантазирањето и правењето лудории од време на време треба да остане кај секој човек и кога ќе стане возрасен, инаку животот знае да биде досаден.
 

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Јас мислам дека една од поголемите трагедии е што мора да бидеш возрасен кога тогаш. Ако се замислите, најубавите моменти од животот е кога сме биле деца или кога сме возрасни а се однесуваме како деца и максимално уживаме во моментите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Scars

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Возрасни сме кога животот можеме да си го контролираме сами, кога работиме и не зависиме од никој. но сепак колку и да сме возрасни и зрели никогаш не треба да го заборавиме детето во нас. Ако го заборавиме детето во нас ќе бидиме снобови без соништа без фантазии без чувства...:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *V****** and kones

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Истото што го кажав погоре. Човекот најчесто го убива детето во себе кога ќе стапи во брак и ќе направи свое дете, кога ќе скова свое гнездо и ќе стане независен. Кај некого можеби нема да се случи тоа ’’убиство’’, но тоа е најчесто кај оние кои се материјално добро потковани та можат да приуштат задоволство и за направеното дете и за она во нив. Денес бидејќи школувањето може да продолжи и осамостојувањето да се одложи до 30тата година, а со тоа и бракот и децата доаѓаат покасно, така и зрелоста, онаа така да речам сериозна зрелост, се одложува.

Секој во своето соседство ќе налета на луѓе кои стигнале само до средно образование, кои растеле во сиромашна средина, кои се вработиле и почнале да го заработуваат лебот рано, кои на млади години се ожениле и оформиле семејство...и луѓе кои се финансиски и материјално добро потковани и растеле во таква средина, кои имаат платени студии и сместување доколку се во друг град, кои се прошетани ... лесно човек ќе воочи дека овие вториве се со ’’детинест’’ памет, додека првите животот ги натерал рано да созреат и да гледаат поинаку на работите..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK and Scars