Годините не се мерило за созреаност. Тоа сите го знаеме.
Некој може да има 15 а да постапува и размислува како 25 и обратно.
Процесот на созревање започнува уште од детството. Всушност новите психолошки истражување не ја делат личноста на дете и возрасен. Актуелизирано е тврдењето според кое дете сме цел живот и возрасен исто. Само низ животот минуваме низ периоди кога преовладува детето, а подоцна периоди, ситуации, животни случки итн кои не поттикнуваат да ја развиваме возрасната личност во нас.
И тука секако влијание има детството на една индивидуа, во каква средина растела, какви размислувања и биле наметнувани, како била од некого упатувана, колку лично осознавала и впивала... Со што се соочувала низ годините и како сето тоа влијаело врз неа.
Сите сами решаваме како ќе се однесуваме. Наидуваме на разни животни проблеми и со истите можеме да се соочиме созреано како возрасни или да избегаме од нив и да оставиме некој друг да ги решава(ако воопшто има некој таков) како деца.
Сите го знаеме универзалниот модел на законско полнолетство - 18 години во Р. Македонија и некои држави 21 година.
Мене ме интересира друго.
Кога и како се случува психичко преминување од детска - тинејџерска фаза во возрасна фаза?
Дали тоа се случува во момент кога сме способни да се издржуваме самите себе, од економски и психички аспект, но истовремено се коси со случаеви на деца кои работат од своја 13та година за да преживеат?
Што мислите за оние деца кои се растени во услови на "стаклено ѕвоно"? Дали тие некогаш без оглед на нивните години со кревко и заштитничко детство ќе осознаат како е да се биде возрасен, без да се биде плашлив и незрел пристап во секојдневните обврски?
Или сметате дека луѓе со тешко детство се баш оние кои се асоцијални во општеството?
Не мислев на болка во вистинска, физичка смисла туку со преносно значење . Етичка , социјална итнИ кога сме деца животот боли,секоја тогашна болка ни изгледа исто болна како и болката на возрасните.
Секоја возрасна доба си има своја тежина,на која гледаме со потсмев кога ке ја надминеме.
Кога сега ке ми текне за некои таканаречени болки од детството или пубертетот ми е смешно но тогаш не ми беше.
Исто како што кажа и Мортидо,самосталноста си има итекако удел во созревањето,обврските,одговорноста,сите тие допринесуваат за наше созревање.
Ми се чини дека никогаш нема да бидеме доволно созреани,а и подобро да е така.
Се согласувам и со она од Песинџер дека никогаш не треба да дозволиме во целост да исчезне детето во нас.
Не се согласувам со Реми во она дека еден маш не е зрел ако освен жена му се занимава и со други жени,тоа не значи дека не е осозреан колку толку,тоа е веке сосема друга тема и прашање.
Итекако одговорноста спрема свое родено чедо го осозрева човекот.И тоа не значи дека е целосно зрел,потполна зрелост според мене не постои.
Основата на еден човек има исто така преголем удел во неговото созревање,некои дури и прерано го започнуваат тој стадиум.Отприлика сите брзаме да го започнеме периодот на нашето созревање.На сите ни се чини дека и на свои 18 сме зрели.
Да,зрели сме,но прашањето е колку?
na istata mislev i jas zarem kako deca ne si mislevme deka nema pogolema bolka primer,od bolkata sto roditelite ne ni go kupuvaat sakaniot velosiped,ili toa sto ne ni obrnuva dovono vnimanie prviot simpatija...Не мислев на болка во вистинска, физичка смисла туку со преносно значење . Етичка , социјална итн