Возрасни стануваме кога ќе почне животот да боли. Кога стануваме свесни за сите проблеми околку нас и ќе почнеме рационално да размислуваме за животот.
И кога сме деца животот боли,секоја тогашна болка ни изгледа исто болна како и болката на возрасните.
Секоја возрасна доба си има своја тежина,на која гледаме со потсмев кога ке ја надминеме.
Кога сега ке ми текне за некои таканаречени болки од детството или пубертетот ми е смешно но тогаш не ми беше.
Исто како што кажа и Мортидо,самосталноста си има итекако удел во созревањето,обврските,одговорноста,сите тие допринесуваат за наше созревање.
Ми се чини дека никогаш нема да бидеме доволно созреани,а и подобро да е така.
Се согласувам и со она од Песинџер дека никогаш не треба да дозволиме во целост да исчезне детето во нас.
Не се согласувам со Реми во она дека еден маш не е зрел ако освен жена му се занимава и со други жени,тоа не значи дека не е осозреан колку толку,тоа е веке сосема друга тема и прашање.
Итекако одговорноста спрема свое родено чедо го осозрева човекот.И тоа не значи дека е целосно зрел,потполна зрелост според мене не постои.
Основата на еден човек има исто така преголем удел во неговото созревање,некои дури и прерано го започнуваат тој стадиум.Отприлика сите брзаме да го започнеме периодот на нашето созревање.На сите ни се чини дека и на свои 18 сме зрели.
Да,зрели сме,но прашањето е колку?