Моево Xiaomi ем е кинеско, ем оригинал.
Гледам полека после 2 години ја губи малку брзината, но сигурно може да тера уште толку да не го оптоварував со секакви апликации и со околу 5000 слики.
Инаку никогаш не би земала кинеска копија на ајфон, самсунг или што и да е. Додуша, пред 7-8 години земав „ајфон 4“ од локален дилер на телефони (имаше дуќанче, имав топ Сони Ериксон и Моторола земено откај него, ама го затворија, секако) за 60ина евра пошто бев глупаво детиште, а и навистина изгледаше оригинал однадвор, но софтверски беше нефункционален кога го наполнив.
Му го вратив наредниот ден и ми ги врати парите. Оттогаш не стапнувам по такви места.