Кафе

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Порано во СФРЈ, 80-тите имаше криза за масло, бензин, шеќер, детерџенти, кафе... Тогаш кафето беше скапо и за поевтино го мешаа со наут ( леблебија ). Имаше едно кафе од Витаминка се викаше „Мукос“ и беше мешавина од 60% кафе и 40% наут. Се препекува леблебијата како кафето и се мели и се вари. Не би ти препорачал да пробаш има цел живот да се сеќаваш на тој грозен вкус.

Љубопитна личност сум :) имам желба да го пробам колку и да е грозно.
А иначе со такво кафе порано прабаба ми и прадедо ми си правеле попара т.е дробеле леб во кафето и јаделе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Јас кафеџика не сум, повеќе сум фан на чајот.
Сепак кога пијам кафе обично го сакам ова Јакобс 3 во 1 ладното (за по дома и на работа) или макијато ладно кога сум излезена на дневна седенка.

Турско ( македонско) како сакате крстете го не го сакам ама баш ич, освен во некоја комбинација со млеко може да замижам или кога идам на гости па нема смисла да изведувам, ама секогаш си барам по пола филџанче :D Или па сама си носам од овие 3 во 1.
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Порано во СФРЈ, 80-тите имаше криза за масло, бензин, шеќер, детерџенти, кафе... Тогаш кафето беше скапо и за поевтино го мешаа со наут ( леблебија ). Имаше едно кафе од Витаминка се викаше „Мукос“ и беше мешавина од 60% кафе и 40% наут. Се препекува леблебијата како кафето и се мели и се вари. Не би ти препорачал да пробаш има цел живот да се сеќаваш на тој грозен вкус.
Јас се сеќавам на тој нај нај прегрозен вкус...наут бе...бљааак
А и ден денес некои ефтинки кафиња ми имаат некој таков мирис...
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Пред да се префрлам на зборување за кафето морам да кажам нешто...
Ние во нашава држава за глупости сме врв, ама го постигнавме максимумот на глупоста пред некоја година за Матурата. Знаете оние тестови по Македонски јазик.
Е не се сеќавам дали беше 2012 или 2011 ама имаше цел еден текст за кафето, објаснување од каде потекнува и бла бла, а под него прашањааа...
Е драги, едно од прашањето беше : Како се пие кафето?
Фамозниот, претежок одговор што се криеше во текстот беше: Кафето не се пие туку-така! :)

Јас и пред да го прочитам текстот кафето не го пиев туку-така. Најмногу сакам турско кафе, го варам на класичен начин, ѓезве, вода, кафе, малку или ич шеќер, два пати да зоврие, во големо филџанче, уз кафето секогаш вода, откако пропушев и некое цигарче. Ако го пијам само кафето без вода после секоја голтка ќе ми останува многу грдо чувство во грлото и не ми оди на место кафенцето. Затоа викам дека не го пијам туку-така.
Еспресо, 2/3 во едно и триста чуда... многу многу не сакам, ама ги пијам често.
Најмногу ме бендисува „мало со ладно“ што во превод би значело, еспресо пола доза дополнето со ладно млеко - така ми е највкусно, во спротивно премногу ми горчи.
Инаку, турско никогаш не би го пиел со млеко...така би го уништил вкусот а толку ми се допаѓа.
Браво кафето воопшто не го сакам, премногу ми кисели, не можам да го поднесам, а за чудно најчесто во домаќинствата се употребува тоа. Да беше нешто многу поефтино од Гранд кафе ќе сфатев, ама разликата е 2-3 денари, а Гранд...е доста поквалитетно кафе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Јас сакам силно кафе без шеќер. Обично сакам ладно нес со пола млеко пола вода, но сакам и турско. Пијам 1-2 на ден и ми го разубавува денот, посебно ако имам прилика некој друг да го направи или ако имам друштво во пиењето кафе. Секогаш сакам вода со кафето и на крај афтер ејт чоколадце.
Кафето и муабетот со кафето ми е уживање и ме прави среќна. Сакам да пијам кафе во Ли(кафиќ кај млечен ресторан), но ретко одам .Кога денот не ми оди , си велам ајде едно кафе и ќе тргне на арно. Го сакам вкусот и мирисот на кафето и го пијам само со луѓето кои ги сакам или на само.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Е ме потсети да се дополнам во нешто:

Најубаво ми е она утринското кафе, кое не го варам јас, си го пијам со мнооогу тивка музика, весник „Вест“, а во недели некоја книга, тие неколку часа за мене не ги давам за ништо живо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Секакво освен турско. Кога сум дома најчесто си имам 3 во 1 нескафе или јакобс и убаво ми е. Кога сум излезена макијатото ладно ми е обавезно, а вака на зима си сакам топло нес. Турско неможам да поднесам, не дека се работи за претеранција но не ми е убаво, па кога сум на гости ако ме понудат со турско кафе си одбирам чај :) .
 
МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Кафето е една инспирација која ти прави проблеми во дигестивниот систем.
Но, ете, го обожавам. На работа имам направено цела колекција од кафиња. Пијам исклучиво турско, со посебен режим на варењеи го варам само јас. Мислам дека скоро и да не постои човек кој може да ми го погоди кафето како што сакам.. Преферирам густо кафе со посебно „сработен“ кајмак. Тоа му дава шарм.
Некако во последно време Паскалин Мерак ми го нуди она што го сакам... но не останувам само на него, продолжувам да барам иако желудникот ми е одамна на црвена линија...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Некој да не знае рецепта за фрапе кафе од кокос? Или барем состојките што се ставаат да ми ги кажете па ќе си експериментирам дома :)
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Некој да не знае рецепта за фрапе кафе од кокос? Или барем состојките што се ставаат да ми ги кажете па ќе си експериментирам дома :)
Како фрапе обично и мислам ставаат кокосов путер кој го продаваат во Биона и таквите органски продавници. Околу 200 и кусур денари е, скапо е ама трае.