Кафе

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Абе не сум господ, ама сум голем фан на кафето, и сум собирал рецепти од по секаде:))))

Не си, не си:)

Јас уживам во вкусот на Јакобс измешан со капучино класик. Е такво кафе се неам напиено од лани. Инаку нескафиња и капучино пијам секој ден по многу и не затоа што имам некоја потреба, туку затоа што ми се многу убави кога ги пијам. Не сум никаков зависник, можам и по цели месеци без кафе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Домашен екстракт од кафе

Потребно е:
*500 г шеќер
*250 мл јако сварено еспресо

Подготовка:
Земете големо тенџере со дебело дно, загрејте го на средна температура и ставете шеќер во еден слој. Како шеќерот ќе се топи, така ставајте по малку од остатокот за да добиете карамел. Кога ќе ставите половина од шеќерот, промешајте го со дрвена лажица, па потоа пак ставајте додека да го потрошите целиот. Продолжете да го готвите карамелот додека да добие темно кафена боја.
Почнете да ставете по две лажици од свареното кафе. Бидете внимателни затоа што карамелот ќе почне да прска, ќе се стврдне и ќе се згрутчи. Но, таков е процесот кога се работи со карамел. Ставајте по две лажици кафе додека да го потрошите целото, а за тоа време, карамелот ќе се растопи пак и ќе се соедини со кафето. Кога целата течност ќе биде соединета, претурете ја во тегли, цврсто затворете ги и оставете ги на дневна температура да стојат една до две недели пред да почнете да ја употребувате.
Потоа останува да си направите кафе и да го интензивирате неговиот вкус додавајќи малку од сирупот. Но, тој одлично оди и врз салата од свежо овошје, сладолед, суви колачи и палачинки, шејкови и други напитоци. Па, пробувајте. Опциите се безбројни.:kafe:kafe:kafe

Ледени кафе коцки

Потребни состојки:
*250 милилитри вода
*2 лажички инстант кафе
*шеќер по вкус

Начин на подготовка:
Во чаша или во некој друг сад измешајте ги сите состојки додека кафето и шеќерот не се растопат. Ладното кафе сипете го во калапи за мраз и ставете ги во фрижидер за длабоко замрзнување, барем 3 часа за коцките да се стегнат. Ставете неколку коцки во вашето кафе и уживајте.

Замрзнато кафе на стапче

Потребно е:
*400 мл подготвено еспресо кафе
*120 мл кондензирано млеко
*120 мл ликер од кафе
*чепкалки за заби

Начин на подготовка:
Во голем сад ставете ги кафето, млекото и ликерот. Мешајте со жица за матење додека да се соединат сите состојки. Смесата распоредете ја во силиконски калапи за мраз и ставете ги калапите во замрзнувач 3 до 4 часа. Потоа, извадете ги на кратко, забодете по една чепкалка за заби на секоја коцка и ставете ги повторно во замрзнувач да стојат 8 часа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem

smeker

Староседелец
9 март 2012
768
979
1,103
Скопје
*Milky Way капучино:

Потебни состојки:
  • 90 мл еспресо
  • 40 мл чоколаден прелив
  • 40 мл сируп од карамела
  • 20 мл зовриено млеко
Начин на подготовка:

Во шолја за кафе сипете го подготвеното еспресо, чоколадниот прелив и сирупот од карамела и потоа додадете зовриено млеко. На врвот ставете млечна пена. За само 5 минути ќе добиете фантастичен кафе напиток со шмек на Milky Way.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Македонско кафе

1преполнета мала лажичка кафе(по можност браво премиум:))
1на врв од мала лажицка шекер
1филџан вода
се става да се вари до пред истекување...дур кајмакот не добие бледа боја
Пијам кафе без млеко,нес,еспресо али ништо не е како обично македоско кафе:kafeи по можност првото кафе да го испијам сама на тишина за да можам убаво да се расонам и испланирам тековниот ден.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dr.Gonzo and Ghtalpo

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Турско кафе не пијам, најчесто капучино или оние 2во1 или 3во1 на Нескафе, сега имам едни други 3во1 и убави се. :kafe
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Да не знае некој кафе од леблебија (библија по мое :D) како се прави?
Иначе без кафе не можам во денот морам барем еднаш да се напијам, а после тоа уште колку ќе испијам не се брои. Не ми ни делува веќе ама пуста навика, секакво пијам освен турско но од пред некое време и тоа почнав кога нема друго. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21

МиГ 21

Староседелец
12 ноември 2012
1,252
2,458
1,133
Прилеп
Порано во СФРЈ, 80-тите имаше криза за масло, бензин, шеќер, детерџенти, кафе... Тогаш кафето беше скапо и за поевтино го мешаа со наут ( леблебија ). Имаше едно кафе од Витаминка се викаше „Мукос“ и беше мешавина од 60% кафе и 40% наут. Се препекува леблебијата како кафето и се мели и се вари. Не би ти препорачал да пробаш има цел живот да се сеќаваш на тој грозен вкус.